Интервју со Петар Лазаров – Успешна продажба во 4 чекори

На 08.05. во 20:00 часот започнува курсот за Продажба со Петар Лазаров. Детална програма види тука:

Петар Лазаров е ко-сопственик на МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ, маркетинг и продажен консултант, автор и 3та генерација обучувач.

 

– Дали продавачот се раѓа или создава?

Едно од клучните прашања! Но, одговор ќе добиете ако дојдете на 4 дневната работилницата на 08.05 од 20:00 часот во Brainster.

 

– Која е тајната позади Mama’s?

Генерално нема тајна. Само го пратиме правилото, ако сите одат на една страна, ние одиме на другата. Нашата цел е да ја претставиме традиционалната, магична Македонска кујна во светот и само се трудиме да ги најдеме најдобрите патишта најефикасно да ја оствариме таа цел. Веруваме дека нашата кујна е на ниво со другите врвни интернационални кујни и заслужува да биде претставена пред љубителите на добрата храна низ светот.

 

– Зошто се имате одлучено да работите продажба?

Ние во суштина се специјализираме во маркетинг и продажба. Нашите вештини највеќе ги усовршуваме во тоа поле. Велам поле, бидејќи тие две науки се неразделни. Едното се надополнува со другото. Маркетинг без продажба и обратно, нема смисла! За да бидете врвни во маркетингот, вие мора да ја познавате продажбата. И обратно. За да ја познавате продажбата, вие мора да го познавате маркетингот и да ги адаптирате комуникациските елементи со цел тие да ви бидат поддршка на продажбата.

 

– На што сте најмногу горди во Вашата досегашна кариера?

Го прашав и Калин што би одговорил на ова прашање, и тој вели на промените што му се случувале секојдневно, а јас велам, што издражавме. Кованица од тие две би дошло, што издражавме во промените низ кои поминавме и поминуваме.

 

– Кој е клучниот елемент за успешно затворање на продажба?

Контрола на целиот процес на продажбата. Затворањето е само еден чекор. Последниот. Не може да знаете само 5 техники на затворање на продажба и да бидете нинџи во продажбата. Може само улични тепачи да бидете. За да ви биде полесно во затворање на продажбата, вие мора да ја имате целосно контролата на процесот на продажба.

Продажбата ви е како играње танго. Вие треба да се машкото. Да го водите танцот, а на крај двете страни да се задоволни.

– Што треба да очекуваат учесниците на работилницата?

Дека ќе научат нешто ново, нешто што ќе може веднаш да го употребат на себе и во своето работење, а најважно дека ќе се забавуваат.

 

– На што треба да бидат спремни вработените во секторите на продажба и маркетинг и нивните менаџери за 2018та?

Треба да се спремат дека работите ќе се случуваат со огромна брзина. Ќе треба да се спремни за брзо адаптирање на новите ситуации и да бидат спремни дека ќе се бара иновативност во секој сегмент од работењето. Единствен начин како да бидат подготвени е преку едукација. Мора сите постојано да работиме на развој и јакнење на нашите вештини. Само преку континуирана надоградба може да бидеме порелаксирани во однос на предизвиците што следат во тешката, и многу интересна 2018та.

 


 


Последен ден за пријавување за 4 дневната обука за јакнење на продажните вештини каде Петар Лазаров низ 4 чекори ќе ти ги прикаже најважните фактори кои влијаат на реализација и затворање на продажбата. Пријавување на следниoт линк: https://brainster.co/courses/patot-na-kupuvachot-na-prodazhba-vo-5-chekori--или на 071/333-034

https://brainster.co/courses/patot-na-kupuvachot-na-prodazhba-vo-5-chekori-

 

Related Stories For You

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА