Дарко Булдиоски секогаш бил тука некаде во Brainster, во голем дел како еден од главните инструктори на Академијата за маркетинг. Решивме да направиме и интензивен тридневен Курс за Social media за бизнис на кој планираме експресно да ги одговориме сите прашања поврзани со ползувањето на социјалните медиуми за еден бизнис. Пред да почнеме, еве 5 прашања со Дарко околу курсот.

1. Кажи ни нешто за тебе!

Нешто што не знае јавноста или нешто општо? Татко сум, и дома и во канцеларија.. секаде. Се радувам кога се радуваат другите и кога успевам да ги направам радосни, ама кога другите се радуваат јас не го покажувам тоа премногу. Сакам да се движам напред, да не стојам во место, затоа и…

2. Зошто дигитален маркетинг?

.. затоа дигитален маркетинг, за да се движам нон-стоп наред, за да има промени, динамика, секогаш потреба да се биде во тек со трендови, иновации, навики, корисници, публика..

3. Како ти учиш нови вештини и кој е нај ефективниот начин за учење?

Читам, редовно читам и чепкам, уште ме држи таа енергија да чепкам по различни сервиси, кодови (не се разбирам баш), сајтови.. да се обидувам да направам нешто, да проверам кој сервис што може да направи и секако кој што направил веќе. Покрај „чепкањето” ептен сум редовен на конференции, обуки, настани каде запознавам многу различни луѓе со различни искуства од кои секогаш ги учам оние ситни но многу битни детали кои ги нема на интернет.

4. Што ќе научиме на Курсот Social media за бизнис, кому го препорачуваш?

Оператива. Еден куп ситни совети и искуства кои може да ти го олеснат денот, да те инспирираат следниот пат нешто да направиш различно. Да имаш поголем ефект и да си ги реализираш зацртаните цели поефективно со помош на социјалните медиуми. Ќе научиме дека за се нешто постојат алатки и сервиси кои во дадена ситуација може да помогнат но и да одмогнат 🙂 и ќе зборуваме за реални локални искуства. Го препорачувам на оние кои секојдневно се обидуваат да најдат начин подобро да комуницираат со својата публика меѓу кои ги гледаат своите актуелни или потенцијални купувачи.

5. Број 1 совет за кариера од соништата? 🙂

Која е таа кариера? Ретко, да не речам никогаш не сонувам кариери, сонувам работа која ја посакувам, се будам и наоѓам начин како брзо или малку помалку брзо да стигнам до неа. Упорност и одлучност, нема тука скратено решение или трик. Ако доволно многу сакате нешто… ако не, значи не сте го сакале, нели?

visit-bibomusic-co-1

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.