Односите со јавноста не е нешто на кое се почнува да се работи кога компанијата ќе западне во кризна ситуација. Елена Ристовска ни е инструкторка на курсот за PR и број еден контакт во телефон за совети за пријатели, и пријатели на наши пријатели – т.е сите што никогаш не научиле како се работи PR! 🙂

1. Што е првото нешто кое треба да го знаат почетниците кои почнуваат со PR?

Динамичност. Светот на PR-от е ролеркостер. Секој ден е различен и не се знае што ве чека. Па затоа во секојдневното спроведување на активностите, брзата реакција е неопходна.

2. Според тебе каде грешат нашите компании кога станува збор за PR?

Немаат PR стратегија 🙂 Сè уште има компании кои го игнорираат овој сегмент од својот бизнис, не знаејќи за бенефитите и предностите кои може нивниот бизнис да ги добие применувајќи го. Во своето 8 годишно искуство на ова поле секојдневно ми се потврдува дека PR-от може да промени еден бизнис.

3. Кој тип компании треба да имаат PR стратегија?

Секоја една компанија која сака да успее треба да ги земе односите со јавност предвид. Од мал семеен бизнис до големи корпорации. И малиот бизнис кој што продава кафе во Градскиот парк треба да има точно утврдена стратегија како ќе ги комуницира сите свои јавности – од млади, фамилијарни луѓе, пензионери до медиуми, влијателни личности и соработници.

4. Сподели некое искуство од Курсот за PR, кој го посетува најчесто?

Курсот за PR досега го одржавме неколку пати и структурата на групите е секогаш различна. Сме имале студенти кои студираат Односи со јавност но сакаат малку повеќе да дознаат од практичната, професионална страна на областа. Потоа, учесници кои започнуваат свој бизнис, па сакаат да дознаат како да ги применат односите со јавност во своја полза, новинари кои се од другата страна на односи со медиуми, до програмери кои едноставно ги интересира што е PR 🙂

5. Кои се вообичаено најуспешните учесници?

Лично сметам дека успешно завршен курс е оној од кој учесниците излегле задоволни, со научени нови знаења и практики. На последниот час од курсот имаме евалуација на самиот курс, а јас сум повеќе од задоволна од коментарите што укажува и на задоволни учесници.

obuka za odnosi so javnost
Овој текст е објавен во категоријата Инструктори и ги содржи следните клучни зборови:
Brainster. brainster kariera, kariera. kursevi, вработување, кариера, компанија, нова кариера, платформа, програмирање, работа, стартап, технологија, kurs za microsoft excel, kurs za illustrator. kurs za photoshop. kurs za pr, kurs za onlajn marketing, obuka. akademija za marketing, obuka za internet marketing skopje. obuka za facebook, обука за маркетинг. kurs za seo, digitalen marketing skopje, makedonija. obuka za seo, обука за search engine optimization, kurs za search engine optimization.kurs za seo skopje, курс за search engine optimization.

Related Stories For You

Како до 1.000.000€? 🤫