Процесот е секогаш ист: доаѓаат со желба, напорно работат па почнуваат слободно да пливаат во дигиталниот свет, сè додека не слетаат на работа која навистина ќе ја сакаат. Ова е приказната на Симона Пеовска од New Media MK.

Уписите се во тек  –  види програма тука.

 

1. Претстави ни се, која е Симона?

Здраво дечки! Јас сум Симона, девојка која е постојано гладна за знаење, предизвици, новини и дружење. Можам да направам муабет на секоја тема, ама омилена ми е маркетингот. Уживам да читам статии, книги, да пишувам блог постови и сакам да мислам дека сум маркетинг гуру во изградба ?

2. Зошто реши да бидеш дел од Академијата за маркетинг?

Мојата прва средба со маркетингот беше лани летото кога бев на пракса во Германија. Инаку студирам на Машински, ама после таа пракса се заљубив во маркетинг. Се вратив во Скопје и на Фејсбук видов дека има уписи за Академијата за маркетинг од Brainster. Бев решена да се нурнам во водите на маркетингот и да си го проширам моето знаење, па така аплицирав и ми се исполни желбата да бидам дел од едно прекрасно семејство ?

3. Како си помина? Сподели некое искуство:)

Академијата за маркетинг беше неверојатно искуство за мене! Се запознав со многу кул луѓе и научив многу нови работи кои успеав и да покажам дека ги знам (што најмногу ме радува). Работната атмосфера беше секогаш позитивна, инструкторите ведри и насмеани, и сите лесно и брзо се вклопивме во новата средина. Многу често знаевме да излеземе на пивце после предавање ?

4. Како дојде до твојата работа во New Media MK, што правиш таму?

За време на Академијата имавме натпревар за најдобра маркетинг кампања за allweb. Мојот тим победи и се договоривме со Дарко дека ќе почнеме со реализација на нашиот план на крајот на летово. Отидовме на состанок (супер си поминавме) и Дарко нè праша дали сме заинтересирани за работа во New Media MK. И еве сум веќе трета недела како работам со лудиве дечки. Водам акаунти на социјалните мрежи за повеќе клиенти, се подготвуваме за allweb, и пишувам блог објави за komunikacii.net ??‍

5. Кој е најголемиот предизвик пред тебе во моментов?

Најголем предизвик ми е да не ги помешам акаунтите на клиентите. Ама најозбилно. Ми се нема случено, ама верувајте дека е предизвик и дека бара многу многу внимание (и трпение) кога се објавува, лајкува, коментира. Сепак, на предизвиците гледам како на можност да се покажам себеси, со сè што знам и умеам. Кога играм “Вистина или предизвик” секогаш бирам предизвик ?

 

Прочитај повеќе за Академијата за дигитален маркетинг тука.

akademija

 

 

Овој текст е објавен во категоријата Маркетинг и ги содржи следните клучни зборови: Brainster. brainster kariera, kariera. kursevi, вработување, кариера, компанија, нова кариера, платформа, програмирање, работа, стартап, технологија, kurs za microsoft excel, kurs za illustrator. kurs za photoshop. kurs za pr, kurs za onlajn marketing, obuka. akademija za marketing, obuka za internet marketing skopje. obuka za facebook, обука за маркетинг. kurs za google ads, курс за google ads, обука за google adwords, digitalen marketing skopje

Related Stories For You

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА