Стварно се трудиме да ги фатиме за по едно интервју најамбициозните учесници, бидејќи сепак, по цел ден работат. На Марија и поставивме неколку прашања, прочитај зошто треба постојано да сме во тек со промените во онлајн светот!

1. Кажи ни нешто за тебе, што работиш?

Работам во Моментум Инк. – маркетинг агенција, чија примарна дејност е организација на настани.

2. Зошто дојде на курсот за Facebook рекламирање, како си помина?

Работата не ми налага постојано да го користам Facebook рекламирањето, но кога имаме потреба од такво рекламирање, ми требаат “трикови” што навистина функционираат, па решив да дојдам и да научам нешто од Ива. Курсот беше супер! Добив многу корисни информации и насоки за што поуспешно Facebook рекламирање. Плус се и презентациите, на кои дефинитивно ќе се навраќам и понатаму.

obuka za facebook skopje

3. Број 1 откритие од курсот?

Ива потенцираше уште првиот ден – дека Facebook и неговите алатки, вклучувајќи го и рекламирањето, се менуваат 24/7. И дека буквално, нешто важи денес, не важи и утре и сл. Супер-корисно откритие ми беше советот за тестирање за одредени кампањи, ad sets и сл., како и различните формати и начини да ја рекламираш содржината. (Уште не ми се до крај јасни тие ствари, но ќе учиме! :D)

4. Каде се гледаш за 5 години од сега на кариерен план?

Се надевам, во пораснат и успешен Моментум Инк., негде во маркетинг сферата, соочувајќи се со креативни предизвици, а со оглед на тоа со колкава динамика се менуваат нештата во овој свет, не би можела ништо поконкретно да предвидам. 🙂

 

visit-bibomusic-co

 

 

 

 

 

Овој текст е објавен во категоријата Маркетинг и ги содржи следните клучни зборови: Brainster. brainster kariera, kariera. kursevi, вработување, кариера, компанија, нова кариера, платформа, програмирање, работа, стартап, технологија, kurs za microsoft excel, kurs za illustrator. kurs za photoshop. kurs za pr, kurs za onlajn marketing, obuka. akademija za marketing, obuka za marketing. obuka za facebook, обука за маркетинг. kurs za google ads, курс за google ads, обука за google adwords, digitalen marketing skopje

Related Stories For You

Аплицирај и искористи ги ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ од овој уписен рок да го добиеш Brainster+ пакетот за 0 денари.