Примена на Microsoft Excel во сферата на финансиите – Мила Целеска

Најчесто учесниците на Курсот за Excel работат со финансии. Овој пат го споделуваме искуството на Мила, откако инструкторот ја посочи за една од најпроактивните учесници! Зошто практичните вештини се толку битни во секоја професија?

1. Kажи ни нешто за тебе!:)

Јас сум Мила Целеска од Скопје. Имам 22 години. Дипломирав на Економскиот факултет во Скопје на смер Финансиски менаџмент. Моментално сум студент на постдипломски студии, на истиот факултет, на смер Монетарна економија, финансии и банкарство. Во слободно време најмногу сакам да патувам (а кој не :D)

2. Сподели некој совет за успешна кариера со нас. Што правиш ти на дневна база околу ова прашање?

Како што кажав се уште сум со статус студент, па така сум на стартот од мојата идна се надевам успешна кариера хаха. Како и да е сметам дека за еден човек да биде успешен во било што, треба да се стреми да се надоградува себеси постојано. Затоа се трудам времето надвор од факултетот да го пополнам со курсеви, обуки како и преку волонтирање.

3. Беше на курсот за Microsoft Excel. Како си помина? Што ти се допадна најмногу?

Супер беше! Најмногу ми се допадна што Александар преку практични примери не научи како да се справиме со предизвиците кои не чекаат на работното место.

4. Како ќе го примениш она што го научи?

Пред да почнам на курсот имав мало познавање за Excel, и можам да кажам дека дефинитивно научив многу повеќе од што очекував. Се стекнавме со едно повисоко ниво на познавање на оваа алатка и мислам дека истото ќе ми даде голема предност на работното место. Она што го учевме може да се примени било каде, конкретно јас мислам дека ќе најдам голема примена во сферата на финансиите.

5. Кој е според тебе најефикасниот систем на учење?

Секако дека теоријата е основата но би рекла дека работењето на практични проекти и проблеми е делот каде што вистински учиме. Конкретно за курсот, најмногу ми помагаа домашните 🙂

microsoft excel skopje

 

 

 

 

Овој текст е објавен во категоријата Успешни Приказни и ги содржи следните клучни зборови: Brainster. brainster kariera, kariera. kursevi, вработување, кариера, компанија, нова кариера, платформа, програмирање, работа, стартап, технологија, книги за дизајнери, книги за програмери. книги за бизнис. книги за маркетинг, knigi za dizajn, knigi za marketing, knigi za programiranje, knigi za biznis, kurs za microsoft excel, kurs za illustrator. kurs za photoshop. kurs za pr, kurs za onlajn marketing, obuka. akademija za programiranje, akademija za kodiranje. akademija za marketing, obuka za marketing. obuka za facebook, обука за маркетинг, курс за ексел, obuka za excel skopje, kurs za excel skopje.

Related Stories For You