Кај нас март секогаш е bitter-sweet месец. Тажни сме што завршуваат групите кои започнаа со учење во октомври на Академијата за дигитален маркетинг. После толку заеднички часови, дискусии, работа на проекти, консултации и по некоја кафана, многу се навикнавме едни на други и ни е тешко да се разделиме.

Од друга страна, среќни сме, затоа што сме сведоци на уште една генерација прекрасни млади луѓе, која реши да работи на себе и да го искористи сето она што умеевме да им го пружиме ние и предавачите.

Фактот што до самиот крај на Академијата речиси сите студенти кои сакаа да започнат нова кариера добија понуди за работа од респектабилни компании и веќе започнаа да градат кариери е награда и за нив и за нас, за сиот труд што заеднички го вложивме.

До сега низ Академијата за дигитален маркетинг поминаа 12 групи со над 200 студенти. Излегоа многу успешни приказни на кои сме горди – нашите студенти се дел од маркетинг секторите на Neptun, Sparkasse Bank, Sport M, Futura, Slice, New Media, WebPigment, Sales.Rocks…

Токму затоа, поткрепено со одличните презентации на завршните проекти кои имавме шанса да ги видиме, од генерацијата октомври 2018 имаме големи очекувања. Сигурни сме дека имаат капацитет да бидат предводници на новата генерација дигитални маркетери – технички писмени универзалци, стратешки одлично потковани, и она што е најважно, со одлична комуникација меѓу себе, несебични во споделувањето.

Текстов би бил предолг ако ги наброиме сите, но ова се сигурно дел од имињата за кои допрва ќе се чуе во дигиталниот маркетинг во Македонија и кои ви препорачуваме да ги следите.

Андреј Рудовски и Емил Ефтимов кои започнаа сопствена маркетинг агенција – Sky Blue Media и веќе на големо работат со клиенти од земјава и странство.

Марија Андрејска, која бескомпромисно влегуваше во секоја нова задача, фокусирана да го најде решението. Брендовите за кои работи се среќни што ја имаат.

Тамара Петров, фантастичен дизајнер која се покажа како екстра-талентиран маркетер. Спојката на овие две вештини ретко кој ги има на тоа ниво.

Цветанка Цветановска, која реши кариерата на собраќаен инженер и вештак за штети да ја замени за кариера во маркетинг. Беше толку добра што си ја вработивме во Brainster.

Маја Димитровска, која завршниот проект го направи и презентираше на ниво на senior маркетер со 10+ годишно искуство и не` остави да се прашуваме каде се границите во маркетингот за неа.

Александра В. Белчовска, Наташа Тошанова Гроздановска и Ана Стефановска Симевска, вработени, успешни, мајки на мали деца, кои успеаа да стигнат и да постигнат се на време и да ги срушат сите изговори. 

Данче Азманова – комплетна трансформација од новинар во дигитален маркетер со неверојатни креативни капацитети.

Ели Ампова, која и покрај тоа што има свој старт-ап реши да помине некој месец на пракса во Brainster, за да споделиме искуства.

Филип Ефински, кој беше одличен „домаќин“ на Академијата и се погрижи секој да добие морална поддршка.

Матеа Кофилоска, Ивана Минчорова, Викторија Митева – со фантастичен напредок до одлични all-round маркетери.

Ѓорѓе Ѓорѓевиќ, Фросина Ангелкоска и Александар Цветковски – мајстори за контент, со потенцијал да станат автори од највисок ранг.

Фросина Ивановска и Тијана Вуксановиќ – мошне талентирани креативци од кои очекуваме кампањи за паметење.

Тања Шатановска – посветен блогер со сеопфатно знаење за целиот дигитален пејзаж.

Сања Тодоровска, Марина Перчиниќ, Цветанка Бурзевска, Оле Таскова, Константин Дончевски – стратези кои сакаш да ги имаш во тимот од почеток на планирањето до славењето за успешната кампања.

Кети и Славе – скромни, работливи, посветени, вредност за секој тим. Љупка, Мартина, Александар – задолжени за разведрување на атмосферата кога станува пресериозна. Андреа, Ивана, Тијана… би можеле да пишуваме со денови за оваа генерација.

Сега веруваме дека ви е појасно, откаде измешаните чувства. Сепак, она што ни дава утеха е тоа што оваа разделба не е конечна, бидејќи ветивме дека Brainster и понатаму ќе остане нивна куќа. Место каде ќе доаѓаат секогаш кога ќе сакаат нешто да не прашаат, нешто да ни покажат, да ни се пофалат или барем да испиеме едно кафе.

Среќни сме и што новите 2 групи на Академијата за дигитален маркетинг почнаа со полна пареа и веќе покажуваат голем потенцијал. Дополнително на 15 април започнуваат уште 2 нови групи, па ќе имаме добра дружба во следните неколку месеци.

Имаме уште неколку слободни места за последната група за оваа пролет, па сите што сакаат да ни се приклучат и да станат дел од успешната приказна на Brainster, ги повикуваме да прочитаат повеќе за Академијата за дигитален маркетинг.