Никој нема да ја украде вашата идеја за бизнис

Во последно време многу често можете да слушнете од луѓе дека имаaт идеи за бизнис кои ќе го променат светот но дека не сакаат да ги споделат за да не им бидат украдени.
Замислете, имате одлична идеја која неможете сами да ја реализирате. Не барате помош бидејќи сте параноичен дека ќе ви ја украдат. И што сте направиле? Идејата ќе ви умре во фиока.
Или имате идеја и со недели, понекогаш и месеци ја развивате за на крајот да направите производ што никој нема да ви го купи. Ќе направите производ што само вам ви е потребен.
Застанете. Или ќе зборувате за вашата идеја, или таа ќе ви остане во фиока засекогаш. Зарем навистина мислите дека луѓето ќе престанат со се што работат и ќе почнат да го развиваат вашиот производ?
Порано или подоцна ќе морате да ја споделите вашата идеја, вашиот стартап. Затоа уште од првиот ден зборувајте со секој кој сака да ве слуша.
Разговарајте со локалните експерти во таа област. На тој начин ќе ја валидирате идејата, ќе откриете клучни факти кои можеби не се достапни на интернет, можеби ќе најдете партнер или пак потенцијален клиент.

ideja startap 2

Разговарајте со вашите пријатели и колеги. Но тука морате да внимавате. Ако на вашите блиски им кажете дека се работи за ваша идеја, највероватно, несакајќи да ве разочараат ќе ви дадат невалидно мислење.


Популарни курсеви:


Разговарајте и со локалните претприемачи. Ова е многу важно доколку за првпат запливувате во претприемачките води. Од нив можете да извлечете доста корисни информации и контакти. Од мое лично искуство тие се лесно достапни и секогаш расположени за да ви помогнат.
Со споделување на идејата со што повеќе луѓе може да добиете фидбек за да спречите губење на време на идеја која нема да ја продадете.
Една завршна забелешка: Градењето на компанија е 1% идеја и 99% реализација. Ако сеуште размислувате дали да ја споделите вашата идеја со другите, земете ги во предвид мноштвото можности кои се отвараат пред вашата компнија. И да, ова заборавив да ви го кажам, некој веќе работи на вашата идеја.
Во некој од следните постови ќе ви кажам како уште од првиот ден почнав да разговарам за мојата идеја и како тоа ми помогна да дојдам до инвестиција од бизнис ангели.
Не постои недостиг на големи идеи, постои недостиг на реализација.
Што мислите вие за ова? Дали познавате некого на кој му ја украле идејата? Пишете во коментарите подолу.

Related Stories For You