NewMedia – нов Learning Partner на Академијата за UX/UI Дизајн!

Портфолиото на еден UX/UI дизајнер е она што ја дава вистинската слика за неговите способности. Затоа и работата на реални проекти е многу важен дел од нашата Академија. Преку практична работа ќе ги изучиш релевантните вештини и ќе добиеш важен insight и фидбек од компании и професионалци. Додека учиш ќе започнеш да го создаваш твоето дизајнерско портфолио со кое во иднина ќе можеш самоуверено да се претставиш пред потенцијалните вработувачи.

Brainster Learning Partners програмата е создадена на нашите студенти да им пружи можност да соработуваат на тековни и идни проекти за компании кои сакаат да иновираат и менуваат. Нашето досегашно портфолио на Learning Partners е составено од корпорации, старт-апи, дизајн студија, мали и големи бизниси.

Затоа, ни претставува големо задоволство да откриеме дека отсега дел од компаниите-соработници на Академијата за UX/UI Дизајн е и дигиталната маркетинг агенција NewМedia!

NewMedia е дигитална маркетинг агенција која во своето портфолио брои клиенти како: Coca Cola, Vip Telekom (сега A1 Telekom), Стопанска банка, Хотел Парк, UNDP и многу други.

Дополнително, тие се организатори на најголемата маркетинг конференција кај нас – АllWeb.

Претставниците од NewМedia ќе ја избрифираат нашата група на студенти на еден од часовите со спецификации за изработка на проект и ќе ги споделат очекувањата од истиот. Потоа, нашите инструктори ќе ги водат студентите низ процесот на работа додека не стигнат до финално решение.

 

HRTOOlS – пример за завршен реален проект од нашите студенти.

 

Уписите на Академијата за UX/UI се пред крај, a останати се уште само 2 слободни места. Аплицирај и биди дел од првата групa.

Резeрвирај го твоето место  ТУКА.

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.