Neotel – нов Learning Partner на Академијата за UX/UI Дизајн!

Brainster Learning Partners програмата е создадена на нашите студенти да им пружи можност да соработуваат на тековни и идни проекти за компании кои сакаат да иновираат и менуваат. Нашето досегашно портфолио на Learning Partners е составено од корпорации, старт-апи, дизајн студија, мали и големи бизниси.
На наше големо задоволство, дел од ова портфолио отсега е и телекомуникацискиот оператор Neotel!
Што значи ова?
Ова значи дека студентите на нашата Академија за UX/UI дизајн ќе имаат можност да учат преку создавање на реален проект за оваа компанија. Претставниците од Neotel ќе ја избрифираат нашата група на студенти на еден од часовите со спецификации за изработка на проектот и ќе ги споделат очекувањата од истиот. Потоа, нашите инструктори ќе ги водат студентите низ процесот на работа додека не стигнат до финално решение.
Зошто е важна работата на реални проекти?
Фокусот на Академијата за UX/UI дизајн е учење на нови вештини преку работа на реални проекти од компании. На овој начин ги учиме студентите како од почеток до крај се гради реално решение за проблемот на еден клиент. Дополнтелно целиме по завршување на проектот, портфолиото на секој студент да е збогатено со одлично завршена задача со која подобро ќе може да се претстави пред потенцијалните работодавци.
HRTOOlS – само еден пример за завршен реален проект од нашите студенти.
Уписите на Академијата за UX/UI се пред крај, a останати се уште 4 слободни места. Аплицирај и биди дел од првата групa.
Резeрвирај го твоето место тука.