Овој текст е дел од серијата лекции „Како до успешна кариера 101“.
Се убедуваме дека е знак на зрелост – како поминува времето, сè полесно се соочуваме со малите навики што ни го исполнуваат денот. А како поинаку? Колку и да се негативни, оддамна се соочи со тоа – тоа си ти, и твоите навики се дел од твојот карактер.
Во професионалниот живот, слично како и во романтична врска, сите работи кои на почетокот ги анализираш (непотребно) многу, во еден момент преминуваат во рутина која ја нарекуваш удобност. Иако во поголемиот дел од случаевите тоа е знак на искуство и зрелост, некои работи и потези кои ги земаме здраво-за-готово, заборавајќи да ги размислиме, без разлика колку мали, може да бидат сериозен ризик за нашата кариера и успех.
Можеби токму тоа е причината зашто многу луѓе веруваат дека не треба да се остане на истото работно место подолго од 4 години. Иако математиката можеби не ти звучи убедливо, изговорот е дека после одреден број на години, твојот секојдневен професионален живот се сведува на навики, рутини и премногу удобност. Се разбира, не е тоа единствената причина позади равенката – после подолго време, не само што повеќе не се трудиш колку што си се трудел на почетоците, туку работата повеќе не ти е предизвик.
Без разлика дали дојде до моментот кога чувствуваш дека е време да ја промениш својата работа и кариера – преземи го воланот и паузирај го за момент авто-пилотот. Размисли за сите (мали) навики кои ти го исполнуваат денот, а кои можеби делуваат како само-саботажа на твојот професионален живот и шанси за напредување.
Не ги признаваш грешките
Можеби карактеристиката која најмногу им пречи на менаџерите. Кога ќе се помириш со фактот дека сите правиме грешки и дека некогаш грешките што ги правиш се токму затоа што работиш многу, ќе научиш дека единственото подобро од тоа никогаш да не грешиш е да знаеш како возрасно да ги признаеш своите грешки. Не ја префрлај вината на колега или на надворешен фактор – не само што е очигледно што се обидуваш да направиш, од колегите ќе направиш непријатели и ќе делуваш неверојатно незрело.
Следниот пат кога ќе направиш нешто погрешно, признај како и што се случило. После некое време ќе почнеш да сфаќаш дека не постои поголем знак на зрелост на работно место од тоа, а и иронично – подобар начин за да ја добиеш довербата на твоите менаџери.
Користиш неформални начини на поздравување
Како се позравуваш првиот пат кога се сретнуваш со соработник, партнер или нов колега? Без разлика на колку е неформална работата која ја работиш, не го избегнувај формалното ракување. Од една страна, на почетокот на секое ново бизнис-познанство е најбезбедно да си поформален од што е потребно, отколку обратното. Од друга – според една студија обајвена во Магазинот за когнитивна неврологија, секој и најобичен гест ги допира нервите во мозокот кои предизвикуваат да му се допаднеш на другиот.
Следниот пат, пред почетокот на состанокот, ракувај се со сите присутни. А додека го правиш тоа, осигурај се дека начинот на кој се ракуваш (подеднакво важен) е доволно цврст (испраќа порака дека си сериозен, професионален и посветен работник) и дека раката не ја држиш преблизу до телото (што укажува на недостаток на самодоверба).
Употребуваш ЈАС, наместо НИЕ
Иако делуваат небитно, најобичните, најмали зборови кои ги употребуваш во денот некогаш кажуваат многу повеќе од што мислиш.
Искусниот менаџер, на кој му е повеќе од важно да бидеш добар тимски играч, секогаш ќе забележи дали кога зборуваш за успесите и/или грешките го правиш тоа во прво лице еднина или множина.
Почни да размислуваш за себеси како дел од тим, тогаш нема да има потреба да внимаваш на зборовите кои ги употребуваш. Научи се да ја цениш тимската работа, многу луѓе ја немаат шансата да бидат дел од тим. Ќе видиш – успесите кои ги достигнувате како тим, се поголеми и попријатни од оние кои ќе ги достигнеш ако одиш сам против светот.
Секогаш доцниш
Додека твоите пријатели можеби ќе мораат да се помират со фактот дека секогаш досниш 10 до 20 минути, твојот работодавец нема да има толку разбирање.
Константното доцнење, колку и да е мало и неважно, укажува не само на неодговорност туку и на неспособност за почитување на рокови. Од друга страна, доколку постојано доцниш на работа и при враќањето од паузата за ручек, тоа значи дека во денот ќе ти остане премалку време за да ги завршиш сите задачи.
Работната маса ти е секогаш несредена
Безброј студии покажуваат дека оние кои секогаш имаат проблем со организирање на работнта маса се често креативни и високо интелигентни. Но работата е дека, безразлика на твоите организациски вештини, студиите покажуваат дека неуредноста одмага во напредувањето во кариерата и работното место. Според една анкета 28% од работодавците не би унапредиле некој кој делува неуредно на работното место.
Натерај се себеси и својата работна маса да делувате секогаш уредно, можеби проблемот е што премногу работи имаш на масата. Пробај да го намалиш бројот на непотребни работи кои ги чуваш на масата, а документите расфрлани насекаде – времее е да ги сместиш каде што им е местото.
Не си во тек со новите технологии
Можеби се чувствуваш удобно со начинот на кој функционираш и мислиш дека тоа што го правиш го правиш повеќе од доволно квалитетно. Вистината е дека многу често забораваме да го почитуваме правилото што постојано им го кажуваме на другите – никогаш немој да престанеш да учиш.
Денес, тоа најмногу важи за напредоците на технологијата, кои е посложено да се следат од што мислиме. Постојано истражувај и испробувај нови канали за комуникација со колегите (Slack), нови методи за складирање и пренос на податоци (Cloud)…
Изгради успешна кариера, регистрирај се на kariera.brainster.co и добивај ги најдобрите огласи за работа, во твоето email сандаче!
Brainster Кариера и Вработување на Linkedin
Овој текст е објавен во категоријата Кариера и ги содржи следните клучни зборови: кариера, вработување, најди работа, kariera, vrabotuvanje, najdi rabota, работа, технологии.