„Стартап алатки“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница каде што секој ќе може да учи и да сподели практични вештини. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со пријателите.
Повеќето стартап основачи мислат дека го измислиле тркалото. Впрочем, тоа е и една од причините зошто формираат нова компанијата, зарем не? Повеќето веруваат дека имаат пронајдено niche пазар за кој сметаат дека можат да го сервисираат подобро од сите останати. Со самото тоа, сакаат да креираат нешто по кое ќе бидат запаметени.
Дури и вашата идеја да е најиновативната било кога, не мора да го измислите тркалото кога станува збор за процеси. Прашајте кој било претприемач како тој/таа стигнал до таму каде што е. Сигурно ќе ви го раскажат нивното интересно патешествие кое вклучува многу непреспиени ноќи поминати читајќи се што можеле да најдат за дизајн, кодирање, e-mail маркетинг, креирање содржина и сл. Во тие раскази, сигурно ќе пронајдете по нешто позајмено од повеќе места и претходно пренесени искуства од останати претприемачи кои веќе поминале низ истиот процес!
Но, истовремено, тука го имате и Evolvr.io – сајтот кој хронолошки ја прикажува еволуцијата на производи како Facebook, Uber и останатите, со цел да видите како истите се менувале низ времето и од кој може да научете. Со ова, овој сајт ни дава можност (идеја) да увидиме како истите пивотирале, се менувале и еволуирале а со тоа и можност да увидиме како истите се справувале со одредени работи со кои можеби вие се мачите во вашата компанија.
Она што го прави интересен овој сајт (аико е во бета) е фактот дека нуди лесно читлива содржина и доста податоци (факти) за одредени компании за кои реално би ви требало доста време за да ги пронајдете како на пример кога одредена компанија била формирана, како се развивала во одредени периоди и сл.
Затоа, мал совет: престанете да се обидувате да го создадете тркалото кога истото е веќе создадено. Но она што можете, морате и ве охрабруваме да го направите е да учите континуирано од најдобрите!
Затоа и го создадовме Brainster!
Сакате да добивате известувања за бесплатните курсеви: Регистрирајте се тука
Среќно,
Brainster заедницата