Наградете ги Вашите вработени – Уникатна програма за мотивација на Brainster

Во последниве години, фокусот на работното место е позициониран на признавањето, наградувањето и ангажманот. Ова не е само за тоа како да се привлечат и задржат вработените, но исто така и како да се мотивира и да се вклучи постојниот кадар во турбулентни времиња. Мотивацијата на вработените е клучен елемент за долгорочниот раст на секоја компанија. Тоа е сложен процес, кој бара многу предзнаење, искуство, разбирање и креативност. Истражувањата покажуваат дека вработените кои се наградени за одење на екстра милја се попродуктивни и исполнети, покажуваат поголема лојалност и се желни да придонесат кон организацијата на влијателен и значаен начин.

Во листата на 20 креативни начини како да ги наградите Вашите вработени се најдоа и обуките и тренинзите. Наградете ги вработените со тоа што ќе ги пратите на тренинг, обуки или доусовршување. Дозволете им да се усовршуваат во професијата во која работат или да научат нешто ново што ќе ја разбуди неговата креативност.

brainchart

Време е да се делува лидерски, бидејќи лидерот се грижи за своите вработени, а кога имате задоволни вработени и Вашата компанија ќе напредува.
Brainster.co е тука да Ви помогне!

Уникатната програма за наградување на Brainster.co е создадена да ги задоволи потребите на секој менаџер, без разлика во која индустрија работи, бројот на вработени кој го раководи или буџетот со кој располага. Деловните контакти што можат да произлезат од вмрежувањата се само дополнителен плус. Уште поважно е што благодарение на нашата програма секој менаџер може да си ги оствари целитe кога станува збор за мотивацијата на вработените. Без разлика дали станува збор за индивидуална мотивација, тимска или пак сосема посебна програма, нашата понуда овозможува избор од 3 групи на пакети:

Индивиудални пакети – “Gift Cards”,

Тимски пакети – “Team Learning” и

Персонализирани пакети

vaucer

 

Индивидуалните пакети се насочени кон поттикнување на личните вештини и интереси на секој вработен. Можеби станува збор за професионална надоградба која ќе му помогне да стане подобар и да се движи кон патеката на успехот. Или пак станува збор за задоволување на лична потреба да научи нешто кое ќе ја поттикне неговата креативност и лични преференци, Brainster.co е подготвен да Ви помогне во изборот.

Тимските пакети, пак овозможуваат поттикнување на тимскиот дух и заедничкиот напредок. Наменети за тимови кои се од ист сектор/поле, каде групаната мотивација е на слично ниво, дозволуваат надоградба на професионални вештини кои го прават тимот поуспешен. На долг рок допринесуваат и за поголема кохезија и соработка помеѓу членовите.

Brainster.co е подготвен и на создавање на посебни персонализирани мотивациски пакети врз основа на Вашите потреби. Истите може да сочинуваат и индивидуални и тимски сегменти.

Целосната понуда ќе биде објавена на страната на Brainster.co

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.