Иако правник по професија, Нина Николиќ изминативе три години работеше на рецепција во хотел. Како и повеќето студенти од Академиите во Brainster, таа подолго време размислуваше за целосна промена на професија. Приликата ја виде во маркетинг секторот и реши да се запише на Академијата за дигитален маркетинг. Еден месец по завршувањето таа се вработи во агенцијата Cyberlinkmedia.
Што си по професија и што те натера да ја промениш? Каде работеше до сега? Раскажи ни за тоа искуство.
Не се пронајдов во работата како правник. Поради тоа, работев 3 години во хотел со 5* на рецепција, тука се подразбира работа во 3 смени. Работата не беше напорна, но секако смените си го земаат својот данок, бидејќи понекогаш се случуваше, директно после часовите да одам на работа. На почеток работата ми изгледаше интересна, но како поминуваше времето, сфаќав дека не можам да го работам тоа и дека ми треба промена. Долго време пробував да најдам нешто кое што би ме привлекло и би ме тргнало од монотонијата со која се соочував.
Како прв пат дозна за Brainster и како одлучи дека е тоа вистинското место за оваа твоја life-changing одлука? Дали дигиталниот маркетинг отсекогаш била професија која ти била привлечна?
Случајно, на социјалните мрежи наидов на пост за Академијата за дигитален маркетинг и кога разгледав за што се работи, одма ми го привлече вниманието. Описот на програмата беше интересен, и решив да аплицирам. Тоа беше една од најдобрите одлуки кои сум ги направила. До почетокот на на Академијата, немав искуство со дигитален маркетинг, но како проаѓаше времето сфатив дека е многу креативна работа и дека можам да работам во таа област.
Останаа уште неколку слободни места. Ако и ти размислуваш за ваква промента, пријави се тука!
Пред неколку месеци ја заврши Академијата. Што ќе ни раскажеш за тие 6 месеци посветени на градење на твојата нова криера?
Благодарение на искусните предавачи, како и материјалот кој ни го презентираа ми помогнаа да се оформам во маркетер кој сум денес. Академијата беше одлична шанса да пронајдам професија која ме радува. Најмногу ми се допадна работата на реалните проекти која ја имавме. Мислам дека тука го добив чувството, што всушност значи дигитален маркетинг.
Сега си официјално дигитален маркетер. Како се справуваш со предизвиците на новото работно место?
Бидејќи подолго време се обидував да најдам ново работно место, само по неполн месец од завршувањето на Академијата, желбата ми се исполни. Денес работам како дигитален маркетер во маркетинг агенцијата Cyberlinkmedia. Како почетник, супер се снаоѓам на новото работно место. Моите колеги се одлични маркетери, кои дополнително ми помагаат да се надградувам со знаење. Конечно сум исполнета со почетокот на мојата нова кариета како маркетер.
Благодарна сум на тимот на Brainster, кој ми помогна да прераснам во тоа што сум денес. Би сакала да ги охрабрам сите кои се двоумат за промена на својата кариера, да веруваат повеќе во себе и дека можат да станат она кое што замислувале да бидат.
Усписите за новата Академија за дигитален маркетинг се во тек. Аплицирај и резервирај го своето место!