Дејан Илиев е алумни студент на Академијата за дигитален маркетинг кој по долги години во продажба во различни индустрии реши да се врати во светот на маркетингот и да ги надополни своите дигитални вештини.
Веднаш по завршувањето на академијата Дејан се вработи во компанијата Park Limited како дигитален маркетер каде што ќе ги усовршува и надополнува своите вештини и знаења стекнати од Академијата за дигитален маркетинг.
Поразговаравме со Дејан за почетокот на неговата кариера како маркетер и искуството на Академијата.
Здраво Дејан 🙂 за почеток, да те запознаат нашите читатели подобро, кажи ни нешто за себе?
И покрај тоа што постанав магистар по маркетинг уште во далечната 2014та, работев повеќе години во продажба во различни индустрии, дополнето и со неколку годишно хастлање во Америка. И така во средина од легендарната 2020та решив да почнам со работа во индустријата за која студирав (маркетинг). Но, со оглед на тоа како се движи развојот на дигитализацијата, периодот од 6 години немање вистински допир со маркетинг допринесе брзо да ја согледам мојата босоногост за дигиталните актуелности во маркетинг индустријата. Па затоа решив да запишам академија за дигитален маркетинг во обид да фатам приклучок. So here I am, Brainster!
Својата кариера ја започна веднаш по завршувањето на Академијата, во компанијата Park Limited. Честитки! Што те натера да ја избереш оваа професија? Зошто баш дигитален маркетинг?
Клучни причини за изборот на оваа професија беа нејзината природна потреба од креативно размислување и можноста за континуирано надградување во самата индустрија. Со други зборови, доста е тешко да ти здосади работата како дигитален маркетер. 😊
Како изгледа еден твој работен ден? Кои се твои главни задачи? Кои се моментите во кои највеќе уживаш?
Најпрвин се бираат темите за кои ќе треба да се пишува и развиваат креaтивни решенија. Потоа следи тимско консултирање и анализа за темите, актуелностите и целите кои треба да се постигнат преку зададената креатива. На крај се преоѓа на креирањето на содржина преку која ќе се постигне спој помеѓу задоволување на потребите и очекувањета кај таргет публиката и бизнис целите кај клиентот. За постигнување на таа цел се потребни добар тимски дух и креативна продуктивност. 😊
Три зборови што те опишуваат.
Креативен, goal-oriented, тимски играч.
Кој е најголемиот предизвик со кој што се соочи на Академијата?
Хакатонот организиран од Брејнстер дефинитивно би го поставил како број еден предизвик со кој се соочив. Искрено не очекував дека за само два дена е можно да се створи толку многу. И дополнително при толку силната конкуренција од 13 групи, на крајот мојата група беше избрана како победник од страна на клиентот. Беше создаден брендот Neon Zebra. Прекрасно чувство.😊
Според тебе што е потребно за успешно да се совладаат предизвиците што произлегуваат на оваа академија?
Клучот е во мотивацијата и посветеноста. Доколку се следи секој модул со внимание и притоа се извршуваат сите предизвици, неизбежно е успешно совладување на материјалот. Исто така би додал дека е многу добро ако студентите допринесуваат во иницирање на интеракцијата и разгорувањето на дискусија за темите опфатени во модулите. На тој начин скоро секогаш се доаѓа до дополнително спонтано знаење. Вклучете камери дечки, бидете додадена вредност на предавањата. 😊
Познато е дека програмата на Академијата е супер интензивна, но дали реално очекуваше толку брз напредок во дигиталниот маркетинг имајќи предвид дека немаше претходно искуство?
Имав претходно знаење и основа за маркетинг, тоа дефинитивно имаше свое влијаеше во совладување на модулите. Но, кога станува збор за совладување на конкретните дигитални алатки и техники, клучот за стекнување на знаењето го имаа инструкторите на академијата. Дополнително интересен момент е тоа што доколку некој веќе има претходно знаење од маркетинг, оваа академија може слободно да му послужи како своевидна специјализација во областа преку совладувањето на дополнителни дигитални вештини потребни за индустријата.
Дали Академијата за дигитален маркетинг ги исполни твоите очекувања и ти помогна да ја постигнеш твојата цел?
Дефинитивно. Самата структура е така поставена да ги опфаќа сите клучни аспекти од дигиталниот маркетинг и притоа да ни овозможи практично совладување на потребните знаења преку реални проекти и предизвици. Супер бенефит е и можноста во целиот процес да откриеме кој е најадекватниот правец и вештина во дигиталниот маркетинг за нас. Да сфатиме што ни лежи. 😊
За крај – твоја препорака до сите оние кои што размислуваат за кариерна промена и насочување во сферата на дигитален маркетингt?
Ако имате желба за промена на кариера, претворете ја во амбиција и реализација. Ако сте се почуствувале ‘’заглавени’’ во рутина и монотонија без простор за креативност и кариерен развој, дигиталниот маркетинг е одлична сфера за нов почеток во која ‘’заглавеноста’’ е многу тешко да ви се повтори.
Стекнувањето нови знаења секогаш прави да бидеш подобра верзија од тоа што си бил без нив. Еволуцијата не сопира, бидете дел од неа, секогаш ќе ве награди.
Доколку сакаш да си дел од Digital Marketing заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни во 2021, дознај повеќе за Академијата тука.
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!