Запознајте го Кирил Стоименов – Dream Team студент на Академијата за дигитален маркетинг за месец јануари 2022.
Име и презиме: Кирил Стоименов
По професија: Психолог
Академија: Академија за дигитален маркетинг
Зошто баш дигитален маркетинг: Поради огромниот потенцијал и разноликоста на самите модули.
Што те мотивира постојано да учиш: Динамиката на секојдневието.
Најинтересна работа што ја имаш научено од Академијата: Техничкиот дел, SEO и Social Media Marketing, затоа што ми беше тотално непозната територија.
Омилен модул: Некако на темераментот и искуството највеќе ми „лепи“ Copywriting & Content Writing.
Инструктор што ти оставил најголем впечаток: Неблагодарно е да одговорам на прашањето. Сите си ја знаат работата, елоквентни се, брзи и прецизни.
За 5 години: Зависи од јетрата, ја џабе ќе планирам.
Хоби: Малку свирам гитара, малку рецитирам хип-хоп, малку готвам по дома, малку пиуцкам пивце. Ок, малку повеќе….
Омилена Книга: Меша Селимовиќ – Тврдина. Сега, секогаш и во вечни векови. Ентер!!!
Омилен цитат: Нешто random од Коељо, што има везе. 😆
Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!
