Работата на реален проект – директно преточување на теоретските знаења

Нашите студенти од Академијата за дигитален маркетинг, Филип и Елена  работеа на реален проект за нашиот странски learning partner-Looksize, и стекнаа многу искуство и нови вештини кои што планираат да ги искористат за да станат идни успешни дигитални маркетери!

Looksize е нов стартап специјално креиран на тој начин што дава одговор на прашањето „Како да се одбере соодветната големина?“ додека купуваме облека или обувки преку интернет. Идејата на LookSize произлегува од фактот дека честопати клиентите не си ја знаат својата големина и прават погрешен избор, а сето тоа резултира со зголемени фрустрации и рекламации од страна на клиентите. За да се реши овој проблем, компанијата им нуди на клиентите можност да кликнат на копчето „My SIZE button“ и системот ги филтрира сите производи според големината на купувачот. Се што купувачот треба да направи е да ги внесе пропорциите на своето тело.

Поразговаравме со Филип и Елена, ни  објаснија како се одвиваше целиот процес за изработка на нивната маркетинг стратегија и како течеше меѓународната соработка. Прочитајте што ни раскажаа тие за тоа како Академијата за дигитален маркетинг им помогнала да се надградат со теоретски знаења и да  добијат реална вредност од проектите кои што ги изработуваат!

 

Соработувавте со нашиот learning partner LookSize и успеавте да направите целосна маркетинг стратегија. Како работата на реален проект ви помогна да ги развиете своите вештини?

Филип: Секој проект е приказна за себе и не постои уникатен урнек како треба еден проект да изгледа. Сите имаат свои специфичности и многу пати истите се предизвик. Со добра подготовка и истражување се обидовме да се надградиме и да се стекнеме со нови вештини кои ни помогнаа при работата на овој реален проект.

Елена: Работата на реален проект значи директно преточување на теоретските знаења во нешто опипливо и употребливо во реалниот свет. Непосредниот контакт со клиентот и неговите барања даваат инспирација за практична имплементација на идеите.

 

Како се одвиваше процесот на работа на реалниот проект?

Филип:  Процесот на работа започна кога заедно со тимот, преку онлајн состаноци со компанијата се запознавме со нивните барања и очекувања. Потоа следеше SWOT анализа, како и анализа на конкуренцијата. По извршената детална презентација, ги претставивме и следните чекори односно SEO анализата, можностите и предлог содржините за социјалните медиуми за кои сметавме дека се соодветни за бизнисот на компанијата. Клиентите со кои соработувавме беа премногу задоволни и наидовме на  позитивен прием.

Елена: Најпрво договоривме средба со learning партнерот, не брифираше за неговите потреби и очекувања, и за периодот кој што го договоривме ги завршивме договорените задачи и ги презентиравме пред нив. Потоа во вториот дел на работата на проектот следеше работа на дополнителни задачи кои имаат големо значење за learning партнерот и исто по договорениот временски период ги презентиравме останатите делови од стратегијата.

 

Раскажете ни за искуството кое го добивте при работа за странски пазар?

Филип: Не ми е прв пат да соработувам со меѓународни компании, но сепак ова беше доста специфично. На прв поглед со одредена задршка од непознатото, но сепак со добар тим покрај себе се е возможно. Разменивме доста искуства како со тимот така и со компанијата за кои најдовме заеднички јазик и се течеше многу лесно.

Елена: Прекрасно, искуството директно со клиент кој има потреба од нашите вештини навистина ми даде самодоверба дека навистина знаењето кое сум го стегнала на академијата е доволна основа за да клиентот добие вистинска вредност од проектите кои можеме да ги сработиме.

 

Дали академијата ги исполни вашите очекувања, во поглед да го добиете потребното знаење за дигитален маркетинг?

Филип: Академијата нуди запознавање со процесите преку практични примери и проекти. Нешто што при традиционалното образование не можеш да го добиеш. Имаше неколку проекти на кои активно учествуваме и се стекнувавме со реални предизвици,  при тоа да научиме како најдобро и најбрзо да пристапиме кон нивно решавање. Секако сето тоа не завршува тука, на располагање ни се луѓето од кои научивме и ден денес за соработка.

Елена: Дефинитивно да, по завршувањето на академијата се чувствувам потполно сигурно да добијам доверба од некој бизнис на кој што би можела да му дадам вредност,

 

Што ве мотивираше да започнете да градите кариера во светот на дигиталниот маркетинг?

Филип: Актуелните случувања, следењето на трендовите и се позачестените збиднувања во дигиталниот свет отвораат врати за многу можности. Комфорната зона никогаш не била место за мене така што дигиталниот маркетинг е премногу жива материја која постојано бара да се надградувам. Луѓето кои се дел од оваа приказна се креативни, самоиницијативни, тимски играчи со ведар и позитивен дух. Мојата добитна комбинација.

Елена: Мојата мотивација произлезе од влијанието на дигиталниот маркетинг врз развојот на бизнисите. како тоа маркетерите ја имаат можноста преку дигиталниот свет да ги поврзат соодветните бизниси со најсоодветните клиенти (со клиентите кои што имаат потреба од нивната услуга, производ).

 

Доколку те интересира дигиталниот маркетинг и размислуваш за промена на професионален план дознај повеќе за Академијата за дигитален маркетинг на овој линк.

Сите студенти на Академијата, пред да започнат со програмата, имаат единствена можност да проследат бесплатна подготвителна програма преку нашата платформа за учење. Подготвителната програмата би ти помогнала полесно да ги совладаш модулите и задачите кои следуваат на Академијата! Резервирај го своето место на време!