Елена Колега  – Dream Team студент на Академијата за дигитален маркетинг

Запознај ja Елена Колега  – Dream Team студент на Академијата за дигитален маркетинг за месец мај 2023.

 

Име и презиме: Елена Колега

По професија: Графички дизајнер

Академија: Академија за дигитален маркетинг

Зошто баш оваа област: Затоа што е тесно поврзана со мојата струка и затоа што знаењето како да се креира маркетинг и бизнис стратегија е темелот на секоја успешно реализирана идеја.

Што те мотивира постојано да учиш: Најголема мотивација ми е креирањето на среќен и мирен живот за моето семејство, а секако и постигнувањето на моите лични цели. Плус, најголем непријател ми е прокрастинација, па постојаната потреба за лично и професионално надградување е ветерот под моите крилја.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Како се изработува дигитална маркетинг стратегија, начините на истражување, како да навлеземе во психологијата на потрошувачите и секако WordPress.

Омилен модул и зошто: Верувам дека на прво место ќе ми остане Lead Generation. Отсекогаш ме интересирало креирање на landing/web страни, но се изненадив колку всушност се пронајдов во тоа, жал ми е што ќе заврши.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Најискрено не можам да се одлучам, сите инструктори се одлични, достапни во секое време за дополнителни совети. Професионални, позитивни, едноставно се гледа дека навистина се грижат за сите нас.

За 5 години сакам да бидам: На остров во Хрватска. Како успешен freelancer во областа на дигиталниот маркетинг, графички дизајн… а можеби и UI/UX дизајн? 🙂

Хоби: Во последно време, цртањето и боењето на мандали ми е најголемо задоволство.

Омилена книга: Серијата книги „Анастасија“ од Владимир Мерге.

Омилен цитат: “Do not try to be the best. Just do your best.“

 

Уписите за следната група на Академијата за Дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI!