Ни претставува огромно задоволство да ви го претставиме Марко Ивановски кој е нов инструктор на Академијата за дигитален маркетинг по модулите Social Media Marketing & Advertising.
Марко е дипломиран економист, на департман Е-бизнис кој долги години се занимава со дигитален маркетинг и графички дизајн. Скромен, тимски играч и со огромна желба за напредок и секојдневно подобрување во се она што го работи.
На 13-ти април Марко ќе одржи бесплатно онлајн предавање на темата “Facebook за Ecommerce – најдобрите практики!“ преку кое ќе ни пренесе дел од неговите најдобри практики за супер продажба на социјални медиуми.
Прочитајте повеќе за почетоците на неговата кариера и почетоците на нашата Академија.
За следната група на Академијата за Дигитален маркетинг се останати само уште 10 слободни места! Аплицирај веднаш и започни со учење во мај!
Колку време се занимаваш со оваа професија? Како одлучи дека дигитален маркетинг е вистинскиот избор за тебе?
Со моето вработување во една позната маркетинг агенција од Скопје, веќе во 4тата година од моето студирање – одлучив дека дигиталниот маркетинг е вистинскиот избор за мене. Низ годините и како ги менував работните позиции – се се вртеше околу дигиталниот маркетинг и свеста на македонските компании за користење на придобивките од истиот – се зголемуваше секојдневно.
Мојот личен напредок во дигиталниот маркетинг не застана со моето прво вработување – бидејќи тоа е секојдневен процес на усовршување и учење на нови практики и техники. Дигиталниот маркетинг не е нешто што се учи само еднаш. Тоа е област во која секојдневно се менуваат работите и мора да се следат сите трендови и да се прилагодуваат за секаков тип на бизниси кои одлучиле да имаат присуство на Интернет.
На 13ти април ќе одржиш вебинар пред нашата публика на тема “Facebook за Ecommerce – најдобрите практики!”? Што можат да очекуваат гледачите од овој вебинар и зошто го одбра Facebook како тема на истиот?
Facebook ми е омилена платформа која многу често ја фаворизирам пред било која друга за потребите на клиентите со кои работам. Сметам дека за областа e-commerce не постои подобра платформа на која може да се продаваат производи од секаков тип – било каде во светот. Низ годините Facebook многу ги унапреди своите можности за рекламирање и нуди огромна палета на опции кои може да се искористат при продажба.
Од овој вебинар гледачите може да очекуваат мое согледување за тоа како треба да изгледа еден E-commerce бизнис на социјалните медиуми и краток осврт на Facebook опциите за рекламирање – кои се многу повеќе од Boost Post. Исто така, ќе споделам искуства за тоа колку е важно секој бизнис кој „продава“ на Facebook да има и супер-квалитетна корисничка поддршка, која според мене е многу важен дел при рекламирањето и присуството на Facebook.
Како изгледа еден работен ден на маркетер и како се справуваш со предизвиците кои што произлегуваат од твојата работа?
Интересно и често поставувано прашање! Работниот ден на еден дигитален маркетер, според мене, треба да започне со истражување на дневни актуелности, новости и трендови во областа. Во динамичното време во кое живееме, секојдневно има промени кои мораме да ги следиме и да се прилагодуваме на истите. Се појавуваат нови канали и платформи за продажба, имаме менување во начините на рекламирање и мерење на резултатите од истите, следење на конкуренцијата и слично.
Предизвиците се неизоставен дел од секојдневното работење на секој бизнис и во секоја област. Проблемите ги заменувам со „ситуации“ и пробувам да ги решам во најбрз можен рок, најчесто преку споделување на искуства со други маркетери од земјата. Искуството ми покажа дека е многу важно да комуницираме едни со други, се со цел полесно да се справиме со сите проблеми и предизвици. Секој дигитален маркетер има свој начин на работење и убаво е кога ќе слушнеш и видиш други искуства за одредена тема или ситуација. Важно е да сме активни во заедницата и да си помагаме едни со други.
Од неодамна започна да работиш како инструктор на нашата Академија за Дигитален маркетинг. Раскажи ни нешто за твојот модул и како полесно студентите можат да ја совладаат тематиката?
Делот кој го предавам на Академијата за Дигиталем маркетинг е конкретно поврзан со Facebook и Instagram Advertising. Станува збор за модул кој е специјализиран за рекламирање преку овие две платформи, односно модул за тоа како да ги искористиме сите алатки и можности кои ни ги нудат истите. Сите оние кои имале претходно некакво скромно искуство со рекламирање од ваков тип – по предавањата се најчесто изненадени за тоа колку бесплатни опции има Facebook за кои всушност не ни знаеле дека постојат.
За оние пак, кои немале никакво искуство со овој тип на рекламирање – ќе видат дека станува збор за дефинитивно најисплатливиот и најмерливиот начин на рекламирање. Сметам дека најголемиот дел од македонските компании кои се „скептици“ за рекламирање преку Facebook и Instagram – всушност не се ни свесни за колку евтин тип на рекламирање станува збор. Цените за рекламирање во Македонија и Балканот општо, за разлика од остатокот од светот – се многу ниски и тоа е една можност која сметам дека мора да се искористи најдобро што може.
Студентите најлесно може да ја совладаат оваа тематика со тоа што паралелно додека се предавањата, ќе ги проучуваат и корисните линкови кои ќе им бидат споделени од моја страна. Исто така, многу важен фактор е желбата за побрзо совладување и консултациите кои ќе може да ги прават со мене во секое време. Како што кажав и погоре, многу е важно студентите да се проактивни и за се што не им е јасно – да прашуваат и да бараат одговори.
Што прави Марко во своето слободно време?
Во слободното време Марко најчесто гледа и игра фудбал. Фудбалот е стара и неостварена љубов уште од детството. Покрај тоа – голем дел од слободното време го користам за слушање на подкасти и гледање на видеа од кои многу учам и се надоградувам.
За жал, со оглед на состојбата во која се наоѓаме, не ни преостанува ништо друго освен да го искористиме најпаметно времето кое ни е на располагање и да инвестираме во себе.
Во изминатава година дигиталниот маркетинг достигна едно ниво што претходно не било видено. Според тебе како ќе се развива овој дигитален свет во следните 10 години?
Сметам дека во следните 10 години, бизнисите ќе „мора“ да размислуваат како да ги унапредат своите работења во Интернет светот. Неизбежно ќе биде интернет присуството и експлоатирањето на сите алатки кои може да помогнат во растење на бизнисите. За тоа, ќе им бидат потребни специјализирани кадри и студенти кои ќе бидат најдобри во областа од дигиталниот маркетинг во која ќе одберат да работат.
Што се однесува до растот на дигиталниот свет – сметам дека ни претстои иднина исполнета со мнооооооооогу иновации и технолошка трансформација на општеството и деловното работење како дел од него.
Што би им препорачал на идните дигитални маркетери? Кои вештини мора да ги поседуваат за да успеат?
Што се однесува до работењето од дома и online едукацијата – ќе стане секојдневие дефинитивно.
Се повеќе на пазарот на трудот се бараат специјализирани и стручни кадри кои ќе може да понудат додадена вредност во компаниите во кои работат или ќе работат. Сите студенти кои се на прагот на размислувањата што сакаат да бидат во иднина – сериозно да размислат на тоа прашање. Многу полесно ќе најдат работа, оние кои ќе инвестираат во развивање нови вештини, користење на разни алатки и „нешто плус“.
Нештото плус најчесто прави разлика кај работодавците кои се размислуваат околу кандидатите и околу тоа каков тип на работници сакаат во своите компании. Моето „нешто плус“ покрај графичкиот дизајн, пред 7 години беше навлегување во светот на дигиталниот маркетинг и специјализирање кон Facebook и Instagram рекламирање.
Мој совет до идните студенти: специјализирајте се во област во која мислите дека ќе дадете најголема вредност и најлесно ќе се измери вашата работа. Само така ќе знаете точно што работите, кои се вашите обврски и во што сте најдобри!
Поради голем интерес се отвораат нови групи! Останати се само уште 10 слободни места! Аплицирај веднаш и започни со учење во мај!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!