Елена Сиљаноска го освои победничкото решение за реалниот проект за „Младите можат“!

Елена Сиљаноска, студентка на Академијата за дигитален маркетинг навистина ни докажа дека МЛАДИТЕ МОЖАТ!

Студентите од Академијата за дигитален маректинг работеа на реален проект за клиентот „Младите можат“ и имаа за задача да креираат Landing page (насловна страница). Проектот беше предводен од менторите Вилијам Додевски и Давид Шојиќ. 

Нашата студентка Елена, на оваа задача се покажа најдобро и решението кое го креираше беше прогласено за победничко. Ние со неа разговаравме за нејзиното искуство и работата на проектот, а целото интервју можеш да го прочиташ подоле.

Како се чувствува еден студент кој пред себе има задача да изработи цела роектна спецификација?

Кога прв пат се соочив со задача за да изработам цела проектна спецификација ми предизвика страв од непознато и возбуда, но од друга страна мотивација и совршен момент каде можам да ги применам сите вештини и знаење дотогаш научени. Ми преставуваше голема одговорност и сакав да го дадам најдоброто од мене. Тоа што задачата беше реален проект, кој ќе има конкретна примена ме мотивираше да се развијам на професионален план.

Која цел и какви барања имаше за задача да исполниш? Дали на почеток ти изгледаа предизвикувачки?

Целта беше да се креира лендинг страна со сите потребни елементи, јасна мисија и визија, и концизно call-to-action копче со цел да ги привлече и поттикне младите да учествуваат и да влијаат на позитивните промени и развој во општеството. Барањата вклучуваа да се креира страна привлечна за таргет публиката, да се употребат боите од логото, да се вметнат тестимонијали, тимот од организацијата и instagram broadcast. На почеток сето ова беше предизвикувачки бидејќи требаше да се направи организација, но подоцна при самиот старт на проектот целта беше појасна и покомплетна.


Биди чекор пред останатите и учи преку работа на реални проекти! Учи на Академија додека студираш – аплицирај за стипендија до 1000 евра на Академијата за дигитален маркетинг!


Како поддршката од менторот ти помогна во процесот на изработка на овој проект?

Поддршката од менторите беше непроценлива. Двајцата инструктори, Вилијам и Давид, ми помогнаа во целиот процес, од структурирање на проектот и објаснување на специфичните барања до подобрување на целата лендинг страна. Постојаната достапност од нивна страна ми помогна да ги откријам слабостите и подобрам во истите. Позитивниот фидбек и постојаната поддршка ме мотивираат да продолжам да учам нови работи и да го подобрам проектот во целост.

Кој дел ти беше најпредизвикувачки, вистински head scratcher, и што направи за да го надминеш?

Најпредизвикувачки момент ми беше да ја креирам првата hero секција која е најважната секција и онаа која го привлекува вниманието на корисниците. Исто така имав мал страв да се одржи конзистентноста низ сите секции, и одбирање на catchy CTA. Но, во консултација со инструкторите и нивна помош, успешно ги совладав тие предизвици.

За крај, која вештина би ја издвоила како нешто ново со кое што се стекна?

Најголема вештина со која што се стекнав е организирање и креирање на проект од нула до финално решение. Исто така научив дека некогаш помалку е повеќе, односно поедноставни, но прецизни и јасни решенија даваат поголем и подобар резултат. Ова ми помогна и во идните задачи и проекти на академијата.

Учи академија додека
студираш на факултет

Доделуваме стипендии до 1000€, за зголемување на вработливоста на студентите!