Кристијан Нафидов – Dream Team студент на Академијата за дигитален маркетинг

Запознајте го Кристијан Нафидов – Dream Team студент на Академијата за дигитален маркетинг за месец февруари 2022.

 

Име и презиме: Кристијан Нафидов

По професија: Социолог

Академија: Академија за дигитален маркетинг

Зошто баш дигитален маркетинг: Верувам во тоа дека, денес и да си Бил Гејтс, ако не знаеш да го донесеш производот до рацете на купувачите, ќе ти остане само како еден интересен проект во гаражата на твоите.

Што те мотивира постојано да учиш: Уште како помлад, сфатив дека не ни е државата крива, ниту пак дека „сме немале среќа” да имаме богати родители. Сé што ќе ни се случи во животот е во наша контрола и по наша лична заслуга. 

Најинтересна работа што ја имаш научено од Академијата: Како да „зезнеш“ метрики на Google Ads.

Омилен модул: SEO, бидејќи денес и кога не знаеш што ти се јаде го прашуваш Google за предлози. Помина времето кога ќе се развикаш од соба да ја прашаш мајка ти што има во фрижидер. 🙂 

Инструктор што ти оставил најголем впечаток: Сите ми се подеднакво драги, секој си ја познаваше областа за која предаваше.

За 5 години: Пред 20 години ќе одговорев Спајдермен. Пред 10 – рок ѕвезда. Денес, што и да одговорам најверојатно ќе се смени. Како се стекнуваме со нови знаења, така ни се менува и нашата перспектива и прогноза за иднината.

Хоби: Читам книги, свирам гитара, вежбам и секако забава и дружби. Верувам дека како го користиме слободното време многу се одликува на нашиот карактер, па се трудам да има добар микс од повеќе области.

Омилена Книга: ,,Богат татко, сиромашен татко’’ – Роберт Киосаки

Омилен цитат: ,,Ако мислиш дека нешто можеш или не, веројатно си во право’’.

 

Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

Како до 1.000.000€? 🤫