Филип Богдановски – Dream Team студент на Aкадемијата за Дигитален Маркетинг

Запознајте го Филип Богдановски – Dream Team студент на Академијата за дигитален маркетинг за месец мај 2022.

 

Име и презиме: Филип Богдановски

По професија: Дипломиран економист по финансиски менаџмент

Академија: Академија за Дигитален Маркетинг

Зошто баш дигитален маркетинг: Бидејќи дигиталниот идентитет во денешно време може да го претстави брендот многу подобро. Комуницирањето онлајн е помоќно, а луѓето се поблиску.

Што те мотивира постојано да учиш: Копањето“ и спознавањето на можностите, како и акциите кои можат да бидат преземени. 

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Тоа што сѐ е поврзано едно со друго и што скоро секој процес е цикличен и репетитивен. Секако, во насока на добивање најдобар и најрелевантен можен резултат. 

Омилен модул и зошто: Иако можеби е и најкраткиот модул, The Marketing Mindset – размислувањето како би требало да функционираат процесите се постигнува со одговарање на прашања. Со поставување на суштинските прашања ќе стигнете чекор поблиску до решавање на вистинскиот проблем. Оттука почнува и градењето на комуникацијата. Исто така, уживав во сите технички модули (SEO, Advertising) кои бараат подетално разбирање и разработување.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Сите инструктори покажаа различни квалификации и начини на работа.

За 5 години сакам да бидам: Исто така, многу тешко прашање. 🙂 На работно поле, би сакал да работам со добар тим кој на клиентите би му понудил реални и вредни решенија. Што и да правам, би сакал да додавам вредност на процесот во кој би работел.

Хоби: Музика, кафе, велосипед.

Омилена книга: “The Subtle Art of Not Giving a F*ck” – Mark Manson

Омилен цитат: “The purpose of a bird is to fly, of a cat to hunt. The purpose of a man is to learn and create.” – Ayn Rand

 

Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!