Овој онлајн хакатон беше најголемиот организиран во Brainster, досега!

Да се работи за хуманитарната организација Play Without Boundaries, за кревање на свеста за хуманост, за хуманитарната манифестација во чест на нашиот мил Тоше Проески беше еден сладок предизвик за победничкиот тим!

Диме, Мерима, Арменд, Петар, Михаела, Љубиша, Зорица, Анабела и Нена се студентите од Академиите за дигитален маркетинг и графички дизајн, кои стојат зад победничкиот тим и целосното решение за зајакнување на brand awareness-от на оваа манифестација. Според нив, да се работи со колеги од други академии, значи да се размислува различно, а да се дише исто.

Што тоа значи, прочитајте во блогот и запознајте се со нивниот процес на работа и фазите низ кои поминаа работејќи на 48-часовниот онлајн хакатон!

1.Слоган онлајн хакатон
Решение на тим 5 – предлог слоган за кампањата

Како се чувствува еден студент кој пред себе има задача да изработи цела проектна спецификација?

На студент доволно е само да му се најави дека треба да изработи проектна спецификација. Во самиот момент започнува голема возбуда. Адреналинот расте, се чувствуваш корисно и вредно во семејството на Академијата. Сепак, тука има голема доза на страв и ти се вратат мал милион прашања. Дали ќе успеам, дали јас ќе знам и ќе можам да одговорам на задачата, дали ќе ги задоволам критериумите, пред сè, на моите предавачи, на клиентот…

Откако малку ќе ти легнат работите, следува нова возбуда, тимска работа, даден рок од 48 часа за да се заврши проектот… Тука повторно се вртат прашања низ глава. Дали ќе имаме добра тимска работа, дали сите заеднички ќе носиме одлуки, ќе успееме ли да дадеме се од себе… Иако брифот на клиентот беше одлично напишан и точно се знаеше на што треба да се посвети внимание, сепак стравот си постои. 

„Првата одлука што ја донесовме како тим беше дека треба различно да размислуваме, а исто да дишеме.“

Нашата прва тимска средба, иако со доза страв дали ќе стигнеме на време, помина одлично, без креативна блокада. Секој од нас го изнесе своето мислење и како што кажав погоре, од самиот старт исто дишевме. Она што беше посебно значајно за нас е што навистина вложивме многу труд. Посветивме многу време, но не почувствувавме замор, туку со секој сработен детал добивавме уште поголема желба за успех. Јас би рекол дека желбата за успех и давање на максимумот од нас, кој максимум секогаш може да биде подобар, освен што го носиме во нас, дополнително го градиме од нашите професори. 

Пред да го предадеме проектот, најпрво ние како тим бевме многу задоволни од нашата работа, за нас и да не беше одбран проектот, веќе бевме победници. 

Сепак нашата одлична тимска работа, беше одлично оценета од нашиот клиент. Желбата за поголеми успеси порасна уште повеќе, се надеваме дека ќе имаме уште задоволни клиенти.

– Љубиша Ристески

Студентите од победничкиот тим 5

Која цел и какви барања имавте за задача да исполните? Дали на почеток ви изгледаа предизвикувачки?

За цел имавме да направиме целокупна организација на хуманитарниот проект за Тоше Проески “Play without boundaries”. Два дена напорно работевме за да смислиме врвни кампањи, реклами и дизајни за тоа да вроди со плод, односно да се имплементира во реалноста.

Успеавме да победиме, а во тоа најмногу ни помогна тимската работа односно меѓусебната слога која што ја имавме ние во тим 5. На почеток ни изгледаа доста предизвикувачки, но со добра слога и со сите научени вештини успеавме да направиме прекрасен проект на кој ќе се сеќаваме и ние како тим, а и вие како публика.

– Зорица Тошевска

2.Дел од кампања онлајн хакатон
Решение на тим 5 – тајмлајн за дел од кампањата

Како изгледа процесот на работа на реален проект? Што доаѓа прво, што во средина, а што последно?

Процесот на работа на овој онлајн хакатон на сите нас ни дојде многу инстинктивно, сите во групата едногласно ги унифицираме нашите мисли и идеи. Веднаш направивме простор да почнеме да го разработуваме проектот. 

  • Првично дојде паниката; двоумењата на тоа како ќе стигнеме сите наши идеи да ги доловиме во најдобро светло на клиентот. За повеќето од нас беше прв хакатон, и бевме со стравот дека нема да стигнеме.
  • Втора фаза – divide and conquer. Си ги распределивме работите така што сите имавме на нешто активно да работиме, со редовни check-ups едни со други за да останеме по бриф и да не не залута ентузијазмот. На крај, моравме да извадиме едни од најквалитетните решениа за клиентот со цел да имаме можност да се докажеме како група.
  • Последна фаза – осигурување дека презентацијата е top-notch. За клиентот уредни материјали за да може најлесно да види како сме го сработиле решението. Да се одлучи на понатамошна соработка.

Еден најважен момент за нас, дизајнерите од групата, беше разговорот откако го предадовме решението, на тоа како успеавме да за многу краток рок, сите научени вештини што ги имавме стекнато во време на академијата, да ги изкористиме и се осигураме дека ги имаме совладано и дека сме спремни за реални клиенти.

– Арменд Алими

4.Kaмпања онлајн хакатон
Решение на тим 5 – една активност од целата кампања

Како поддршката од менторите ти помогна во процесот на изработка на овој проект?

Поддршката од менторот, Ива Дујак, беше неизмерно важна за нашиот успех во изработката на проектот. Таа е извонреден професионалец и еден од најдобрите инструктори на Brainster. Нејзината поддршка и фидбек на секој слајд, не само што нè водеше во правилната насока, туку и ги поттикнуваше нашите креации.

Со нејзината помош искрено чувствувавме дека нашите идеи се склопени во комплетна целина. Тоа ја усогласуваше нашата работа и нè водеше кон неизбежна победа. Би издвоил дека со еден преглед на нашата презентација, нашиот ментор ни помогна да ги увидиме подобрувањата и да продолжиме во правилна насока што навистина го одвои нашиот проект.

– Диме Николов


Избери образование што ветува real-life практично искуство. Приклучи се на листана на чекање за Brainster+ Академијата за графички дизајн и дигитален маркетинг.


Како е да се работи во тим со колеги од различни академии?

Соработката со колеги од различни академии е како создавање на мозаик – секоја личност придонесува со уникатно парче во сложувалката. 

Епа вака, нашата комуникација започна со прашањето: „Ова ли е тимот за победа?”. Се испостави дека навистина бил! Ние како тим работевме сложно во текот на целиот хакатон, што беше од суштинско значење за одлично изработен проект во толку краток рок. Главната цел ни беше да смислиме кампања во која што имаме интерактивни, едукативни и креативни, а пред сè хуманитарни настани. 

Преку отворена комуникација и меѓусебно почитување, заедно се движевме низ предизвиците. Решававме проблеми и користевме различни гледишта за да дојдеме до посакуваното решение кое што на крајот резултираше како победничко.

Овој хакатон беше многу важен како за нашиот личен, така и за нашиот професионален развој. Не само што стекнавме нови вештини и знаења, туку создадовме и трајни пријателства.

– Михаела Додевска

1200x628_soc.media post онлајн хакатон
Решение на тим 5 – mockup за пост на социјални мрежи

Кој дел ви беше најпредизвикувачки, вистински head scratcher, и што направивте за да го надминете?

Нашиот најпредизвикувачки дел на почетокот на овој онлајн хакатон беше комуникацијата помеѓу дизајнерите и нас, маркетерите. Но, само по кратко време, увидовме како секој си ја врши својата задача и има голема хармонија помеѓу нас.

Исто така, увидовме како во иднина функционира дигиталниот маркетинг со реален клиент. Лично се соочив со предизвикот во делот на врзување на QR кодот и landing page-от. Но, во овој тим секогаш постоеше некој кој ќе ти помогне и ќе ти даде правец 🙂 Работата на проектот за Тоше Проески, пред сè, беше големо искуство и предизвик.

– Диме Николов

3.лендинг онлајн хакатон
Решение на тим 5 – концепт на лендинг страна за донации

За крај, која вештина би ја издвоиле како нешто ново со кое што се стекнавте како тим?

Преку нашето искуство на овој онлајн хакатон, заедно со тимот успеавме да стекнеме значително знање. Научивме како досегашното искуство да го пренесеме преку практичнo  со решавање на предизвици во даден временски период, но исто така и важноста на тимската соработка во целокупниот проект.

Управувањето со време и приспособувањето на барањата на клиентот беа предизвици со кои се справивме успешно. Истовремено, проектот нè поттикна да ги искористиме нашите креативни потенцијали до максимум и да создаваме многу нови идеи заедно. Со овој хакатон стекнавме богатсво на искуства и напредок во користење на нови алатки и платформи. Заедно со тимот успеавме да запловиме подлабоко во светот на маркетинг и дизајн.

– Мерима Ибровиќ

Повеќе за целите на проектот може да прочитате тука. Пред тоа, погледнете ја галеријата од нивните крајни решенија од најголемиот онлајн хакатон досега:

Како до 1.000.000€? 🤫