Ете, се одржа и најголемиот онлајн хакатон во Brainster! ✨
Во соработка со клиентот Smircle, 72 студенти од Академиите за графички дизајн и дигитален маркетинг изработија целосни решенија за промовирање на манифестацијата, и тоа за 48 часа!
Под менторство на 4 наши инструктори, студентите извадија комплетни решенија за маркетинг стратегија и brand awareness за хуманитарната организација PWB (Play Without Boundaries) за нивната хуманитарна манифестација „Детска Насмевка За Овој Свет“, во чест на Тоше Проески.
И секако, крајот на секој хакатон го одбележуваат презентациите на студентите, каде пред клиентот (Александар Зацески), секој тим презентира како нивното решение ја постигнува целта која им е зададена на почетокот.
Во продолжение пишуваме за хуманитарната манифестација, целите на проектот, искуството на онлајн хакатонот и решенијата на студентите.
Прославување на животот и делото на Тоше Проески преку музика, хуманост и љубов
Хуманитарната манифестација “Детска Насмевка За Овој Свет” веќе се организира 5 години по ред, прославувајќи го животот и делото на Тоше Проески преку музиката и хуманоста, преку љубовта. Во 2019-та и 2020-та се одржува во Мелбурн, Австралија, и по КОВИД, почнува да се одржува во Крушево, родното место на Тоше Проески.
Оваа година, ќе се одржи на 29-ти Јуни, исто во Крушево, повторно доживувајќи го познатото “Ѕвездено небо” на нашиот мил Тоше, при што освем музички хуманитарен концерт оваа година го збогатуваме овој прекрасен настан и со ликовна колонија инспирирана од делото и животот на Тоше.
Александар Зацески, основач на PWB, ни сподели дека оваа година, хуманитарниот концерт е јубилеен – 20 години од првиот концерт на Тоше, и ќе има збогатена палета на активности:
- Музички концерт на талентирани млади артисти и пријатели на Тоше, дел од кои присуствуваа на претходните концерти
- Ликовна уметност за да се даде шанса на младите ликовни уметници, како што даваме шанса на младите артисти
- Дневна прошетка низ Крушево и неговите богати знаменитости, особено поврзани со нашиот мил Тоше
Хуманоста на дело – north star на манифестацијата
Александар исто споделува дека хуманитарно собраните средства од овој настан ќе бидат за хуманитарниот проект “Секое Новороденче да слушне ТЕ САКАМ”, набавка на апаратчиња за преглед на слух за сите Болници во Македонија, за кој што проект веќе ја направивме и првата донација во Болницата “Мајка Тереза” во Скопје, а целта е да се покрие секоја болница во Македонија.
А која беше целта зададена за студентите? За организацијата и изработката на целиот проект си поразговаравме со Деница Стојкоска, Real Projects Coordinator од Partnerships тимот, која се погрижи за организацијата и успешноста на оваа иницијатива. Според неа, овој хакатон беше посебен и уникатен баш поради хуманитарните цели кои го отсликуваат, а сликите кои ги приложивме за вас го докажуваат тоа.
Како се случи соработката со Smircle за еден ваков уникатен проект?
Со клиентот Александар имавме претходно соработувано на уште 2 многу важни проекти за креативните академии – Storytelling за UX/UI академијата, и Завршен проект на Дигитален Маркетинг. Во првиот проект се дизајнираше решение за платформа за донации, а потоа Александар ни беше клиент за Завршен проект на академијата за Дигитален Маркетинг, каде студентите имаа задача да изработат маркетинг стратегија.
По успешната организација на двата проекта, се впуштивме и во овој проект, каде фокусот на работата беше Smircle (make smiles go full circle, smile + miracle = smircle) и хуманитарниот концерт на Тоше Проески организиран од Play Without Boundaries.
Местата во групите на Академијата за графички дизајн и Академијата за дигитален маркетинг забрзано се пополнуваат. Провери достапност и аплицирај сега!
Кои беа целите на проектот? Што се очекуваше од студентите?
Примарната намена и цел поради која е основана организацијата е да се слави музиката, делото и животот на Тоше Проески и да се обезбеди еднаквост и пристапност на медицинска нега, образование и повисок квалитет на живот во Македонскиот регион. Да се негува наследството на Тоше, да се подигне свеста за хуманост и љубов.
Од студентите се очекуваше да го потпомогнат хуманитарниот настан преку креирање на стратегија и brand awareness на 3 фронта:
- Негување на животот и делото на нашиот мил Тоше како од музички аспект така и од хуманитарен.
- Доближување и на помладата публика со песните и делото на Тоше.
- Поголема подршка за хуманитарниот дел за да се обезбедат сите болници во Македонија со апаратче за преглед на слух за да се заврше хуманитарниот проект:
“Секое Новороденче да слушне ТЕ САКАМ”.
Каква беше атмосферата низ целиот хакатон?
Најпрво честитки до сите 72 студенти кои се пријавија да учествуваат на хакатон (иако кога се пријавуваат не знаат за што се работи 😁) и го одвоија викендот за да работат на реален проект.
Во помалку од 48 часа испродуцираа толку обемни решенија. Огромно браво! Секој од 8те тима имаше издизајнирано постер и рекламни материјали за настанот, како и различни merch производи. Сите тимови беа многу креативни во нивните маркетинг предлози за активности кои би се одвивале за време на настанот, но и интересни планови како ефективно да се промовира манифестацијата.
Кога пред почеток на презентациите ги прашав дали го слушаа Тоше додека работеа на нивните решенија, ми кажаа – „Немавме многу време за слушање музика викендов“. 😅 И не ги кривам – за толку добро изработени решенија и на толку краток рок на изработка, сигурно мора да имаш killer focus!
Како обично се одвиваат овие хакатони? Како студентите успеваат во толку краток рок да изработат целосни решенија?
Хакатоните на академиите се можеби најкомплексните средини во кои се работи на реален проект. Така и овој хакатон, беше своевиден предизвик од многу аспекти:
- За кратко време треба да се вклопиш во тим со луѓе со кои никогаш претходно не си соработувал и плодот на взаемниот труд во најголема мера се должи на тоа;
- Секој еден од тие студенти во секој тим треба да ги примени вештините и знаењето што дотогаш ги научиле и да се надополнат едни со други за да изградат една целина;
- Времето е секако е најголемиот лимитирачки фактор – имаш само 48 часа! Треба да знаеш ултра добро да го менаџираш своето време, да се координираш, да се зададат улоги помеѓу сите членови од тимот, а каде е времето за пауза? Ултра добар тајм менаџмент, приоритизација и поделба на улоги е клучно!
Меѓу сите тие координации и организации во еден тим, поддршката од менторите е најголемата потпора за студентите и валидација на нивниот прогрес во сите фази на изработката на проектот. На овој хакатон, хероите-ментори, потпората на студентите беа Александар Нофитоски и Кирил Николовски од Академијата за графички дизајн, и Ива Дујак и Виктор Малевски од Академијата за дигитален маркетинг
За крај, сакам да дадам огромна благодарност до сите за трудот, за поддршката, и за Александар за довербата во нас со овој значаен проект. Се гледаме на концерт!
Направивме и албум од решенијата на студентите – погледнете го плодот на нивниот труд: