Анета Костадинова е наш алумни студент и една од оние на кои што по завршувањето на академијата им се отворија нови врати и кариерни можности. Поразговаравме за предизвиците кои што се случиле на нејзиниот професионален план. Таа ни раскажа како со помош на академијата и многу труд и учење од агент за вработување е унапредена во секторот на маркетингот во ЕСВ Services. Работата која што ја обожава! Прочитајте што таа ни раскажа.

На новото работно место се чувствувам одлично. Секој ден се соочуваме со нови предизвици и како тим супер ги совладуваме. Омилениот дел од мојата работа дефинитивно е мојот тим. Тоа се личности со кои ми поминува скоро целиот ден и континуирано учиме еден од друг и постојано се надградуваме како личности.

За сите оние кои што сакаат да започнат кариера во дигиталниот маркетинг би им кажала: Do it! Во време кога се се дигитализира, не треба да размислуваш два пати. Академијата за дигитален маркетинг има одлична структура, како за почетници, така и за оние кои веќе се навлезени во маркетинг секторот. И секако целиот тим на инструктори е секогаш достапен за помош, совет и соработка.

Што се однесува за иднината, планови за иднина имав до пред некое време, но со оглед на ситуацијата со вирусов и со постојаните промени во општеството, не можам да ви одговорам. Короната ме спречува да ви откријам повеќе детали 😄

Со помош на Академијата за дигитален маркетинг научив многу нови работи, се надградив на професионален план, се збогатив со повеќе знаење и практична работа. Благодарение на знаењето стекнато на предавањата, јас сменив работна позиција. Иако сум почетник, се чувствувам спремно за новите предизвици кои што следат.

Додека бев студент, постојано работевме на реални проекти кои што имаа голем удел во стекнување на вештините кои што се потребни за започнување на кариера како маркетер. Можам да кажам дека  „Practice makes it perfect“ поговорката со која што потполно се согласувам. Учевме теорија и имавме шанса да ја примениме на реалните проекти. Секако ние сме почетници, но знаењето преточено во пракса ни помогна да имаме доста солидна слика за нашата иднина.

Би сакале да ја завршиме оваа објава со честитики за Анета и да и посакаме многу успех во понатамошната кариера!

 

Доколку и ти сакаш да станеш иден дигитален маркетер, првиот чекор што треба да го направиш е да закажеш информативна средба со координаторот на нашата Академија за дигитален маркетинг и да дознаеш повеќе детали.

Сите студенти на Академијата, пред да започнат со програмата, имаат единствена можност да ја следат бесплатната подготвителна програма преку нашата платформа за учење.

Подготвителната програма би ти помогнала полесно да ги совладаш модулите и задачите со кои ќе се сретнеш на Академијата.

Погледни ја програмата на Академијата и закажи ја твојата информативна средба.

Related Stories For You

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА