Учесник на неделата од Академијата за маркетинг: Мила Павлеска

По завршување на модулот за Content Writing, сфативме дека Мила дефинитивно е една од идните маркетинг нинџи кои ќе завршат на Академијата за маркетинг на Brainster.

Како дел од Академијата напиша блог пост на тема Facebook и Instagram рекламирање, кој можеш да го прочиташ тука.

Уписите за Академијата за дигитален маркетинг се во тек. Види ја програмата тука.

 

За почеток, која е Мила?

Јас сум Мила Павлеска, студент на економски факултет, смер маркетинг. Моментално сум посветена на академијата за дигитален маркетинг, паралелно спремам дипломска работа и работам. Во слободно време сакам да гледам по некој добар филм или серија. Исто така сакам многу да патувам и ретко одбивам понуда за шетање.

Дали имаше некакво работно искуство во маркетинг пред да се запишеш на Академијата за маркетинг?

Пред да се запишам на академија во областа на маркетингот за жал немав никакво искуство и затоа дојдов тука. На факултет ме научија повеќе за традиционалниот маркетинг, но денес сите ние сме вклучени на интернет. Сакав да научам што се случува позади дигиталната сцена и да влезам во приказната од другата страна. Тоа и го направив.

Која ти е омилена маркетинг алатка што ја дозна на Академијата?

Алатка која би ја издвоила е Canva. За секоја идеа како би изгледала сликата, комбинацијата од бои, текстот итн. За на Facebook, Instagram или некој постер тука можам да креирам без граници.

Што најмногу ти се допаѓа од програмата до сега?

Сѐ што сме учеле ми било интересно, но најмногу од сѐ до сега на оваа Академија ми се допаѓаат Google Analytics и Ads Manager. Премногу е возбудливо кога имаш толку многу информации во рака. Но, сигурна сум дека ќе има уште повозбудливи модули.

 

Уписите за Академијата за маркетинг се во тек, види ја целата програма тука.

akademija

Related Stories For You