Добар content writer не раскажува добри приказни, туку ги раскажува приказните добро. Бранко Настевски е учесник на Академијата за маркетинг со одлични content writing skills! Ако сакаш да научиш нешто повеќе за Facebook и Instagram Ads, блог постот на Бранко може да го прочиташ тука.
Уписите за Академијата за дигитален маркетинг се во тек. Види ја програмата тука.
1. Здраво Бранко! Ајде за почеток, претстави се на кратко!
Здраво. Јас сум Бранко и имам 23 години. По природа сум човек што сака да спортува (кошарка, велосипедизам итн). Поради тоа што не ми се допаѓа нашето формално образование, го напуштив факултетот и полека се впуштив во дигиталниот свет, кој го гледам како добра можност за градење на одлична кариера.
2. Како стигна до Академијата за маркетинг на Brainster?
Покрај неколкуте промени на работни места, сакав да најдам професија каде што преку напорна и ефикасна работа, кариерно ќе се надоградувам себеси и секојдневно ќе учам нови работи. Таа можност ја видов во Дигиталниот Маркетинг, а Brainster ми овозможи да бидам дел од Академијата и да започнам со создавање на уште една успешна приказна.
3. Што од досега наученото, во што се пронаоѓаш најмногу?
Најмногу се пронаоѓам во Google Adwords и Google Analytics, поради фактот со тоа дека преку “вистинските’’ клучни зборови и податоци, бизнисот може да добие огромен напредок. Сепак, во овие сервиси се добиваат разно разни информации кои помагаат во напредокот на бизнисот. Можат и да ја зголемат ефикасноста на работењето во зависност од тоа колку прецизно знаеме кои се нашите зададени цели и според одредени метрики да се водиме кон успешно развивање на бизнисот.
4. Каде се гледаш себеси по завршувањето на академијата?
После завршувањето на Академијата, сакам дигиталниот маркетинг да ми стане примарна професија, во која преку напорна работа и соочување со предизвиците ќе стекнам доволно знаење за започнување на сопствен бизнис во дигиталниот свет.
Целосната програма за Академијата за дигитален маркетинг види ја тука.