Секогаш има начин онлајн присуството да го искористиш во работа од соништата. Ѓорѓи стана дел од Академијата за маркетинг во Октомври, совршено искомбинира параглајдинг со дигитален маркетинг и има неколку кул планови за по Академијата!
Уписите се во тек: http://marketpreneurs.co/
Ѓорѓи, веќе си при крај со Академијата. Зошто реши да си дел од оваа интензивна програма?
Пред 3 години дипломирав маркетинг на Економски факултет но и покрај тоа сметав дека имам голема празнина во моите маркетерски вештини. Кога ја погледнав програмата на Академијата видов дека темите кои се обработуваат се всушност токму оние за кои јас сакав да научам повеќе. По краток разговор со неколку студенти од минатите академии решив дека ова е тоа што ми треба.
Инаку сум пилот на параглајдер и уживам во мојата работа како тандем пилот. Ако живеев покрај океан ќе имав желба да бидам инструктор по сурфање. Има една работа во која уживам повеќе од летање со патници во тандем а тоа се трките со параглајдери. Се приклучив на Академијата затоа што знаев дека ќе ме инспирира и ќе ми даде алатки за како да станам професионален натпреварувач.
Како најефикасно учиш и го применуваш знаењето од Академијата?
Најефикасно ги учам работите преку работа на реални примери и експериметирање а тоа е токму тоа што го правиме на академијата! 🙂
Кои 3 работи што ги научи до сега ти се вистинско откритие?
Предавањето кое го имавме со Дамиан во врска со брендирање и 12-те архетипови. За некој што студирал маркетинг на додипломски студии се очекува да може да брендира производ или услуга. Јас дури сега се чувствувам дека можам да создадам бренд од нула.
Втора и трета работа се креирањето на Landing страните и E-mail Marketing автоматизација користејќи ги алатките кои ни беа откриени на часот со Александра. Вештини кои се неопходни за работа во маркетинг а за мене беа вистински “аха!” момент.
Што ти влијае најмногу на начинот на кој се развиваш како маркетер? Некој од инструкторите кој ти оставил најмногу впечаток или можеби ресурс кој би го издвоил?
Најмногу ми влијае начинот на кои сме охрабрувани да размислуваме, маркетингот е креативен и “слободен” процес, со насоки на дејствување но без правила и граници. До сега сите инструктори на академијата беа супер и со пасија кон она за што го предаваат. Би ја издвоил Александра токму поради нејзината пасија и посветеност да ни го пренесе знаењето.
Што сакаш да усовршиш, а што сметаш дека ќе те направи генијален маркетер во иднина?
Сакам да научам да креирам подобра содржина.Сакам да пишувам па така и јас водам блог каде пишувам за моите активности, блогот го започнав за да го подобрам моето пишување и според мене тоа е многу важен чекор кон мојата цел.
Кои се твоите очекувања по Академијата и што уживаш да работиш најмногу од маркетинг?
Очекувањето после Академијата е да ја наполнам мојата кутија со алатки и ги реализирам моите проекти на поефикасен начин. А најмногу уживам а воедно и најголем предизвик наоѓам во креирањето на содржина.
Што би им препорачал на новите учесници – маркетери?
Академијата би им ја препорачал на сите бидејќи се е маркетинг, а од своето лично искуство посебно би им ја препорачал на оние кои сакаат да бидат професионални спортисти. Не е доволно само да бидете добри во своето поле како спортист, за да бидете професионалец треба да создадете тим и вредност за тимот околу вас. На овие часови ќе добиете многу идеи и вештини како да привлечете партнери а воедно и да се натпреварувате.
Овој текст е објавен во категоријата Маркетинг и ги содржи следните клучни зборови: Brainster. brainster kariera, kariera. kursevi, вработување, кариера, компанија, нова кариера, платформа, програмирање, работа, стартап, технологија, kurs za microsoft excel, kurs za illustrator. kurs za photoshop. kurs za pr, kurs za onlajn marketing, obuka. akademija za marketing, obuka za marketing. obuka za facebook, обука за маркетинг. kurs za google ads, курс за google ads, обука за google adwords, digitalen marketing skopje. академија за маркетинг скопје, академија за маркетинг.