Марија Костадинова е 24 годишна девојка, која средношколските денови ги поминала како лидер на младинска организација и како хуманитарен волонтер при Црвен Крст за кои смета дека се едни од нејзините најдраги години исполнети со премногу различни искуства, луѓе и вештини. По завршувањето на економски факултет со отсек маркетинг, Марија не застанува со учење и надградување на своите вештини. Моментално е студент на Буткампот за Дигитален маркетинг и по само неколку месеци учење започна на пракса во Monday.

За себе ни кажа дека е неуморен истражувач со голема страст за секојдневно учење, нови искуства и пријателства. Нејзината љубов кон добрата забава и природата е нешто без кое не би била тоа што е.

Поразговаравме со Марија за почетокот на нејзината кариера и искуството на буткампот.

 

Каков беше твојот кариерен пат до моментот на запишување на Буткампот за Дигитален маркетинг? Што беше она што те натера да ја избереш токму оваа дисциплина?

Што ме натера – јас самата. На буткампот се запишав од причина што знаењето од факултет не ми беше доволно за да можам да се впуштам во кариерните води како добар маркетер. Ми фалеше практично искуство и up-to-date информации што на факултетот скоро и не постојат. Постојаното истражување и читање, open-mind пристапот и креативноста ме прават да бидам подобра во дисциплината. Деталите се мојата супермоќ – Nothing goes through unnoticed.

 

Започна со пракса во дигитална агенција Monday, честитки! Како ти е на новата работна позиција? Кој ти е омилен дел од твојата работа?

Искрено, from day one се чувствувам слободно. Можноста да работиш во компанија која е флексибилна и пријателски настроена кон вработените е непроценлива. Николина е еден од најдобрите ментори со кои сум се сретнала до сега. Безрезевното споделување на знаења и континуирано задавање на нови предизвици ми помага прогресивно да учам и да се усовршам во повеќе сегменти од дигиталниот маркетинг. 

 

Како Буткампот за Дигитален маркетинг ти помогна во овој процес?

Најмногу ми помогна во остварување конекции и обнова на стари пријателства како што е нашата приказна (мојата и на Николина) со која што се знаеме од нашите волонтерски денови. Практичната работа и запознавање со дигиталните алатките е нешто што може да го издвојам како особено позитивно искуство. Стекнатото формално знаење на факулет во комбинација со оваа програма ме подготви со знаење кое веќе го искористувам во работата. 

 

Што е тоа што те води низ животот?

Мото по кое што јас лично се водам е – Where there is Will there is a Way. Успехот и патот по кој што ќе стигнеме до него најмногу зависи од нас, нашата желба и волја. Добар time-schedule за работа и учење, со задолжително слободно време за себе, своите лични потреби и задоволства е неопходно. 

 

Што би им порачал на сите што размислуваат да променат кариера во моментов?

На секого би му посакала да не се плаши од промена! Да почне да го прави тоа што го сака, тоа што нема наутро да го враќа во кревет туку ќе го изнесе од него. Со промената може да се изгуби нешто добро, но и да се добие нешто уште подобро. Таа не вади од комфорната зона, ни дава можност за дознаеме и искусиме нови нешта, а кога ќе погледме назад на нашиот живот, сите неверојатни работи се резултат на ново искуство што сме го имале. Промената е прекрасна работа – кога ја правиш во позитивна смисла за себе. Никогаш не е доцна за ништо. GO FOR IT!

 

Доколку и ти сакаш да станеш иден дигитален маркетер, првиот чекор што треба да го направиш е да закажеш информативна средба со координаторот на нашата Академија за дигитален маркетинг и да дознаеш повеќе детали.

Погледни ја програмата на Академијата и закажи ја твојата информативна средба.

Останаа уште 2 слободни места на Академијата за дигитален маркетинг, резервирај го своето уште денес!

НОВО | Академија за DATA ANALYTICS и Академија за SALES 👉 👉