По завршувањето на Филолошкиот факултет, прво работно искуство и било работењето во приватен сектор како толкувач. Меѓутоа, Марија Димовска набргу сфатила дека не се пронаоѓа во таа професија, па се вработила во Social Hire каде што се запознала со дигиталниот свет. Таму ја воочи важноста на дигиталниот маркетинг и реши да го надгради нејзиното знаење на Академијата за дигитален маркетинг и да го направи наредниот логичен чекор во нејзината кариера, да стане проектен менаџер во Startup Macedonia.
Уписите на Академијата за дигитален маркетинг се во тек. Доколку и ти размисуваш за ваква кариерна промена целата програма и сите дополнителни информации можеш да ги пронајдеш тука.
Од каде желба за дигитален маркетинг? Што стои зад одлуката да направиш ваков чекор кога се работи за твојата кариера?
Мислам заради тоа што мајка ми беше професорка едноставно некако ми ја вдахна таа љубов кон учењето и сето тоа се вклопува и се надоградува со она Life learning кој што мислам дека кај милениумците е доста истакнато.
Сакав да бидам целосно сигурна во тоа што го работам и да се надградам што е можно повеќе. Сакав да ги совладам сите сфери на дигиталниот маркетинг.
Дали во текот на твоето учење стекна самодоверба која ти помага да напредуваш во повеќе аспекти од кариерата?
Да бидам искрена, позицијата на проектен менаџер во Startup Македонија каде што сум сега вработена, ја посакував долго време. Но, пред 4 или 5 години се’ уште не бев сигурна и не знаев која мапа да ја употребам за да стигнам до работата која сега ја имам.
Мислам дека и баш во моментите кога гледате дека некои работи ви се тешки, треба да го поминете тој предизвик за да одите напред. Тоа значи дека во одредена категорија пример Google Ads – која ми била навидум тешка, јас треба малку повеќе да истражувам и да инвестирам работејќи на тоа.
На крајот од денот сфаќам дека со многу труд и трпение – можеш да напредуваш секојдневно.
Од овој аспект, како и од многу други, Brainster ви дава шанса да отворите сосема нови патишта, completely out of the ordinary и да се пронајдете себеси. Сепак, најважно е да си ја сакаш работата.
Кои ти беа најголеми предизвици, а кои работи ти беа најинтересни?
Уште при првото интервју се вљубив во целиот процес кој го поминуваат студентите на Aкадемијата, каде што на првата средба Александра ми рече „Биди спремна, ќе биде напорно!” И беше напорно, но на некој начин ми предизвикуваше oгромна сатисфакција.
Секое следно предавање го очекував нетрпеливо затоа што секој час освојувавме нова и поголема територија во дигиталниот маркетинг. Мене како најголем предизвик ми се покажа создавањето на креативи за социјални медиуми, што секако со секој изминат ден и со несебична помош од инструкторите се совладува многу лесно. Најинтересна област во која што се пронајдов себеси е copywriting и content marketing.
Какво е чувството кога некогаш си ги читала успешните приказни за други студенти, а сега пишуваме успешна приказна за тебе ?
Уште не ми се верува! Сите поени и награди кои ги добив на Академијата ќе ги оправдам со реални подвизи кои ќе донесат резултати. Сега сум многу посигурна во себе и верувам дека со посветеност и соработка со мојот тимот, можеме да постигнеме new highs и констатно да растеме како професионалци.
Кој би бил твојот совет до некого кој размислува да се запише на Академијата?
Just go for it! Благодарение на Aкадемијата можете да ги усовршите вашите професионални вештини за да стигнете до посакуваната работна позиција. Меѓу другото, во Brainster сте опкружени со талентирани момци и девојки кои секогаш се спремни да ви излезат во пресрет.
Уписите за Академијата за дигитален маркетинг се во тек. Стани и ти дел од дружината на Brainster која ќе ти помогне да стигнеш до посакуваната цел.
Резервирај го твоето место тука.