Седнавме со новите засилувања во Brainster да дознаеме за нивните размислување за брзо менливите технолошки и дигитални пејзажи и се она што изгледа како една неограничена можност на поле на работа.
Иновативни и комплицирани. Запознај ги новите членови во тимот на Brainster.
Дефинирај ја работната позиција на која си во Brainster: Работам на креирање (нови) стратегии, стратешки одлуки, насоки за идни активности и согледување на можности. Подготвуваме нешто кое ќе го промени начинот на кој што учиме, читаме, поимаме, откриваме.
Моето најголемо професионално достигнување е: Искрено, за најважен успех ги сметам луѓето кои ми станаа пријатели низ кариерата и компаниите со кои сум соработувала. Промената за која ми кажале дека имам учество (во нивниот живот), ми создава чувство на благост и топлина. Сакам да мислам дека сум умеела да го видам потенцијалот кај луѓето, оној скриениот, магичниот, што ги прави да бидат подобри, поуспешни луѓе. Кога сум создала или пронашла прилика да го искористат тој потенцијал докрај, па тоа се реализирало, сме откриле веќе нов свет на можности и раст. Кога велам луѓето, мислам и на компаниите, бидејќи луѓето се компаниите.
На мојата маса има: Лап топ, ненаострен молив со кој што пишувам, тетратка и “post it” ливчиња залепени насекаде кои исчезнуваат на дневно ниво.
Brainster за мене е: Промената што сите ја чекаме за самите нас. Тука ја создаваме, тука ја имплементираме. Тука се слушаме и се почитуваме. Препознаваме потенцијали и веруваме во капацитетите кои произлегуваат од истите. Така живееме и така работиме. Компанија слобода – компанија можност.
Иднината на Brainster и јас во неа: Ха, Brainster е компанија која има постојан органски раст, мене ми е неверојатно задоволство што сум дел од раст и промени кои некогаш се забележуваат од ден на ден. Други ќе речат дека е тоа можеби ризична крива, меѓутоа ако нешто забележав уште првите неколку работни дена тука, е дека ова е компанија која е неверојатно адаптибилна на промени. Пресреќна сум што е тоа така и што еко системот кој се разбива е отворен за секакви предизвици. На ист таков начин и ја гледам иднината храбра и адаптибилна, која отвора нови светови и можности, предизвикува норми, дига прашина, поставува нови кодекси.
Начинот на учење во следната декада: Верувам дека технолошкиот прогрес и те како ќе го промени начинот на кој што стигнуваме до информации, податоци, со тоа и начинот на едукација. Мислам дека ќе нема училници, ќе нема физички простор каде би оделе на училиште, час, предавање. Формалното образование онакво какво го знаеме, ја губи својата смисла и доколку не е во чекор, доколку не би се адаптирало според новото време, на крајот и би исчезнало и нешто друго би ја заменило неговата функција. Се’ се дигитализира. Ќе имаме виртуални училници и некој нов вид на книги, нови методи. Би ми било жал ако исчезнат печатени книги, ама па замислете колку би било добро, дигитализиран Чехов ја чита својата „Галеб“ пред средношколци. Или дигитализирана Марија Склодовска Кири, прави експерименти во виртуелен простор пред деца кои учат хемија. Предобро, не? Новото време не мора да значи дека е лошо време со лоша и проблематична иднина. Ние сме тие кои ќе направиме какво (треба да) ќе биде.
Жени на клучни позиции: Жените не се нови во лидерството; помислете на Клеопатра или кралицата Елизабета. Помислете на жените кои ги воделе движењата за граѓанските и женски права и движењата за реформи во образованието. Сепак, мажите сè уште се побројни од жените на клучните позиции. Колку погоре се искачувате по скалилата на хиерархијата, толку помалку жени се таму. Секако дека не недостасуваат квалификувани жени кои ги исполнуваат квалификациите. Системот е оној кој што својствено работи против жената. Патријархатот сам по себе е непријател. Една од клучните пречки зошто е ова вака е – несвесната или имплицитна пристрасност и предрасуди за жените, што неретко го заматува мислењето, а не сме целосно свесни за тоа. Верувам во тоа дека родовата еднаквост е од полза на сите. Добро е за државата, бидејќи колку поразличен talent pool, толку подобри лидери и лидерки. Родовиот јаз во раководството е постојан и широко распространет, но верувам дека може да се реши ако работиме кон системски промени. Постојат многу чекори што можеме да ги преземеме како поединци, работодавци и создавачи на политики за да бидеме дел од промената. Најважно е прво да се познаваме сами себе и да ги распознаваме моментите кога потсвесно дискриминираме. Да реагираме при сведоштво на свесна дискриминација и нерамноправност. Затоа е толку важно да се имплеменитра сексуално образование во училиштата, за децата да можат да научат од „мали нозе“ што значи, што претставува еднаквоста и како се интерпретира таа. Работодавците, компаниите треба да создадат еднаква работна култура на работното место и за мажи и за жени. Треба да постојат и родови политики кои би се имплементирале преку алатки, обуки и нешто што е мој фаворит, скрининг за резимеа на кои нема име и презиме, само квалификации. Навивам и делувам за законски регулативи и системски решенија кои ќе ги промовираат жените лидери преку квоти, поддршка за семејството, транспарентност на платите. Ние треба да се смениме за да има повеќе жени на лидерски позиции на крај на денот.
Дефинирај ја работната позиција на која си во Brainster: Навистина не верувам во категории и дефиниции. Па би рекла нешто меѓу она што е сонување и она што е реалност. Создавање на идеи и продукти кои вистински може да креираат импакт.
Се трудиме да не функционираме како одделни делови маркетинг, дигитал, продажба. Туку сите заедно работиме и се прашуваме со цел создавање WOW. Она кое е важно е дека сите зборуваме на еден ист креативен јазик, делиме иста култура и вредности.
Моето најголемо професионално достигнување е: Мислам дека е секогаш една иста мисла. “Done. Што да правам следно”? Веројатно постојаната потрага кон нови предизвици и прашања за решавање.
На мојата маса има: Книги и списанија. Има нешто смирувачко и можеби носталгично кога ќе се исклучиш од светот, ќе го затвориш лаптопот и само ќе листаш и читаш. Можам да го правам тоа со саати, тогаш ти доаѓаат идеите.
Brainster за мене е: Заедница која те подготвува не само за постоечките предизвици, туку и за оние кои доаѓаат. Заедница која ги предвидува и ги бара можните предизвици со кои ќе се соочиме. Со цел да те подготви за нив со правиот skill set.
Иднината на Brainster и јас во неа: Тим кој ќе прерасне во заедница. Која ќе прерасне во колектив. Кој ќе прерасне во култура. Која ќе прерасне во движење кое ќе ги смени старите митови и верувања и ќе изгради нови. Колектив, истражувачки центар кој ќе работи на подобрување на секојдневното живеење на луѓето и на нашето општество. Ние сме среќни што живееме во ова време, за прв пат имаме пристап и можности до технологии какави што немало досега. Прашањето е: Како ќе го искористиме тоа?
Силно верувам во создавање на една култура и зедница која ќе ги поместува границите и ќе руши бариери. Не верувам во категоризација и во поделби, верувам во интердициплинароност. Верувам во ситеми, каде се е поврзано и функционира заедно како една целина. Токму како нашата Brainster заедница.
Начинот на учење во следната декада: Ќе се смени исто како и начинот на кој функционираме и постоиме.
Спојување на различни луѓе специјализирани во одредени области кои порано било незамисливо да се спојат, кои ќе учат еден од друг. Заеднички ќе работат за да придонесат за изнаоѓање најдоброто решение. Ќе научиме да учиме заедно и едни од други. Секогаш збирот на различни профили на луѓе е подобар од збирот од нивните поединечни делови.
Жени на клучни позиции: Треба да има повеќе. Родовата нееднаквост постои. Некогаш сум трпелива и се сносам со препреките со крената глава, елеганција, скромност и понизоност, а некогаш кога сум соочена со ситуација само се исклучувам, станувам друг човек, оцврстувам и “газам”.
За мене најважно е да создаваме работа и продукти кои значат и менуваат. Верувам дека ако се трудиме, работиме, сме свесни за себе и својот идентитет и скромни вистински можеме да се спознаеме себеси и да го поседуваме својот идентитет. Само на тој начин менуваме работи. Не преку одела, вратоврски, кошули и важни состаноци на тркалезни маси.
Дефинирај ја работната позиција на која си во Brainster: Дигитален маркетинг практикант. Паралелно ја посетувам Академијата за дигитален маркетинг и сум задолжена за координирање на курсевите и popup курсевите во Brainster.
Професионално достигнување: Лично сум многу самокритична и сметам дека се уште не сум го постигнала своето најголемо професионално достигнување. Запишувањето на Академијата за Дигитален маркетинг го гледам како одлична подлога која ми овозможува свое надоградување и учење, ми дава огромна сатисфакција затоа што конечно можам да го насочам својот потенцијал кон креативно изразување.Мислам дека конечно си го најдов моето место и за мене тоа значи многу.
На мојата маса има: Кафе, лаптоп и куп книги.
Brainster за мене е: Најдоброто нешто што ми се случило во последно време. Да тргнам од одлуката да ја посетувам Академијата која уште веднаш ми отвори врати за да почнам со пракса, на која дополнително го проширувам знаењето. Тимот и заедницата во кои постојано се барам и пронаоѓам.
Иднината на Brainster и јас во неа: Брзината со која Brainster се развива е фасцинантна. Ја имам таа чест да бидам опкружена, да учам и работам со исклучително креативни млади луѓе, кои ги поместуваат границите на тоа што значи како прво, да се биде колега, ментор и пријател. Второ, професионалност, слобода на креативно изразување и силна работна етика. Нешто кое треба секоја компанија да го поседува.
Дефинирај ја работната позиција на која си во Brainster: Запишувањето на Академијата е најдобриот чекор кој сум го направила досега. Овие неколку месеци научив многу за дигиталниот маркетинг од инструктори кои мене ми значат многу. Сметам дека можам да станам квалитетен дигитален маркетер, самоуверена и сигурна во себе. За праксата моја тука можам да зборувам со саати. Саатите поминати тука се непроценливи. Заљубена сум во тимот, работата и енергијата.
Професионално достигнување: Тоа што се пронајдов на Академијата за дигитален маркетинг. Научив за себе колку сум амбициозна и вредна, колку сакам да учам и напредувам. Верувам дека моите професионални достигнувања допрва доаѓаат.
Мојата маса е: Чиста има лаптоп и тефтер за запишување идеи, дури и они кои звучат мали
Brainster за мене е: Место каде секој може да го добие она кое навистина го сака. За мене место за остварување соништа, место од иднината.
Иднината на Brainster и јас во неа: Сакам да допрам до поголем број на деца, студенти и млади луѓе. Да ги охрабарам да направат чекор надвор од комфорт зоната, да не следат шаблон наложен од општеството за тоа како треба да живеат и да се школуваат и да дојдат во Brainster. Сакам што повеќе луѓе да искусат позитивна промена не само во школувањето, туку и во погледите и начинот на која живеат. Академијата навистина ми го промени начинот на кој гледам на работите. Се чувствувам посреќна и поисполнета од било кога, а замислете само два месеца сум тука.
Начинот на учење во следната декада: Мислам дека Brainster ќе ни помогне да го направиме чекорот кон промените кој ни е потребен. Заедно да изградиме нови, успешни кадри во најбараните индустрии. Да ги отвори погледните на луѓето кон светот и да ни покаже дека се се може.
Жени на клучни позиции: Од кога знам за себе мајка ми ме учеше дека секоја жена треба да е способна да стои цврсто на земја. Тоа е моето добро утро. Според мене од најмала возраст треба да сме воспитувани дека сме подготвени да создаваме многу и дека можеме сами во тоа.