Освен што гради препознатливост и треба да изгледа убаво, логото на една компанија е многу повеќе од тоа. Преголема одговорност за еден дизајн! На новиот курс за Лого Дизајн со Дани Јанев ќе ги откриеш сите тајни моменти кои треба да се избегнуваат, во процесот на креирање лого. 

До тогаш, неколку tips & tricks за сите сегашни & идни бренд ентузијасти ?

Моќно лого те издвојува од конкуренцијата.

Нешто како првиот впечаток на интервју за работа, немаш шанса за втор. Оригиналниот, уникатен и свеж изглед на логото, му овозможува на твојот бренд да се издвои од конкуренцијата. Добро дизајнирано лого во голема мера може да го подобри успехот на бизнисот, бидејќи сигурно ќе сакаш да се појавува онлајн, на веб-страни, настани и портали, нели? Големо стоп за веќе видени дизајни и форми што се во тренд, само затоа што мислиш дека ќе те поврзат со нив според препознавање.

Точно знаеш кој си и што претставуваш.

Визуелна слика на тоа како сакаш да го комуницираш твојот бренд. Пораката која ја испраќа твоето лого е најбитна. Не мора да покажеш што точно прави компанијата на логото. Си видел кола-лого во автомобилската индустрија? 🙂 Apple немаат телефон или лаптоп. Чувствата кои ги предизвикува еден бренд се помоќни отколку што мислиме.

Често, одреден бренд се поврзува со човечки карактеристики. Така на пример, ако го земеме Brainster тој e млад, неуморен, секогаш спремен за нови идеи, авантури и правење ракети. Истите карактеристики ги буди и самото лого. Кај дизајнирање на лого, секогаш less is more. Се додека логото е поврзано на некој начин со стратегијата, визијата и мисијата на компанијата, “животниот век” за него е долг.

Градиш препознатливост на брендот.

Година 2018та, нормално е лошо лого да ги одврати клиентите уште пред да ти тропнат на врата! Стара народна е дека за еден бренд треба да се посвети време на неговото лого, онолку колку што се посветило време во мисловниот процес на идејата за тој бренд. А може и повеќе! Сигурно си мислиш, доколку идејата е добра колку може да се утне логото? За жал, може многу. Треба да ја раскаже приказна на позитивен начин и инстант да ги поврзе останатите со твојот производ или услуга.

Боите ја прават разликата.

Затвори ги очите и замисли ги познатите жолти лакови на McDonald’s. Замисли да беа сиви? Освен формата, подеднаков важен момент кај твојот бренд е бојата на твоето лого и психологијата зад него. Кога станува збор за дизајн, кој било вид на дизајн, боите се клучни. Сигурно веднаш ти текна на црвената боја на Coca Cola и сината на Facebook. И знаеш дека во морето од брендови, секогаш ќе ги препознаеш. Идејата за твоето идно лого може да е црно-бела, шарена, или еднобојна. Најдобро е да имаш brand book  за својот бренд каде освен основната боја ќе има уште 2-3 варијанти на твоето лого. Така ќе го извлечеш најдоброто од твоето лого, за различен принт или онлајн материјал.

logo dizajneri dani janev