Дали си ти еден од оние луѓе кои водат бизнис и по стоти пат велат дека ќе ја промовираат својата компанија најмногу преку социјалните медиуми?

Сè е во ред, но не можеме да престанеме да зборуваме за социјалните медиуми и за сите придобивки кои нашата компанија може да ги има благодарение на нив. Меѓутоа дали некогаш си размислил надвор од дигиталната кутија на 21виот век и си ја исклучил можноста за онлајн маркетинг на секунда? Не мора да значи дека ќе биде досадно. А што е уште поважно не е ни блиску онолку скапо колку што беше како минатиот пат кога провери.

Може да биде навистина интересно со оглед на тоа што многумина престанаа да го применуваат ова, или бар оние компании со кои соработуваме. А постојат многу причини кои ќе ги смислиме со цел да си докажеме дека може да функционира: (1) Некои од твоите муштерии можеби и не поминуваат толку време пред екраните како што си мислиш, и (2) може да биде освежително и да те направи да се истакнуваш помеѓу толпата од конкуренција. Размисли: најголемите и најуспешните компании работат и со онлајн и со офлајн маркетинг.

Нема да зборуваме за тоа да поставуваш скапи билборди насекаде низ градот или да делиш маички со огромно лого на нив. Зошто да не ја земеме во обѕир употребата на некои свежи и нискобуџетни стратегии?

Насочи се кон рекламирање во весник

Да, вистински весници и магазини.  Не мора да бидат политички ориентирани како оние што татко ти ги чита наутро, напротив, си размислувал си да ја промовираш компанијата преку некои факултетски или средношколски весници? Секако ако тоа е твојата целна група… Трошоците се мали, а ако ништо друго тогаш ќе и дадеш до знаење дека постоиш на таа поголема и поразлична публика.   

Обиди се со делење на подароци преку медиумите

Луѓето обожаваат подароци, а ние обожаваме да делиме подароци! Медиумите го знаат ова, затоа и се повеќе од среќни да учествуваат. Исконтактирај некоја радио или телевизиска станица и понуди им да поделат некои од твоите производи на нивните слушатели. Можеш да му понудиш и на самиот новинар некој подарок во замена за некој убав збор за твојот бренд.

Размисли за партнерство

Кога веќе зборуваме за подароци, дали си размислил да најдеш партнери? Можеш да го засилиш твојот бренд со самото тоа што ќе се обратиш до некои од локалните индивидуалци. Мисли на блогери, модели, музичари и уметници кои имаат многу следбеници. Можеш да им подариш некој твој производ и ако им се допаднал да ги замолиш да те пофалат пред народот. Ако ништо друго ќе се спријателиш со влијателни луѓе, а тоа е секогаш добро.

Биди спонзор

Кога веќе зборуваме за влијателни луѓе, зошто и да не ги спонзорираш? Или ако тоа ти изгледа како огромен залак, она што можеш да го направиш е да бидеш спонзор на некој мал настан. Употреби ја можноста за да ја споделиш твојата порака со народот.

Имај генијални бизнис картички

Можеби звучи досадно, но размисли околу ова. Одамна не се употребуваат во бизнис светот, но токму ова ги прави забавни. Дизајнирај некои интересни картички. Со ова ќе се издвојуваш и ќе изгледаш попрофесионално.

Никогаш не заборавај на networking

Кога веќе зборуваме за бизнис картички, не заборавај да ги делиш. Оди на конференции, локални настани, средби, клубови и различни бизнис групи, односно што и да функционира најдобро за твојата индустрија. Никогаш не треба да ја занемаруваш моќта на постојаното склопување на нови познанства.

Покани некои од потенцијалните клиенти на ручек

Звучи навистина елегантно, како нешто што порано татко ти го правел. Па зошто да не го испробаш и сега? Кани ги потенцијалните клиенти на ручек од време на време. Ова особено добро функционира за моделот бизнис кон бизнис.

Организирај работилници и понуди професионални совети

Секој ужива во убави работилници, па останува прашањето зошто да не организираш некоја таква? Си ја имаш експертизата, употреби ја фантазијата и смисли интересна работилница за твоите потенцијални клиенти. Докажи им колку си добар и колку многу знаеш за она што го работиш и секако понуди им добри совети и бесплатно знаење.

Понуди специфични намаленија, купони, флаери и подароци

Преедноставно и ефтино е деновиве да се стори ова. Смисли професионални купони или флаери, отпечати ги и раздели ги. Смисли и интересна “кампања”, стави го кодот за попуст на убаво дизајниран флаер и оставај такви на места каде што се собираат твоите потенцијални муштерии.

22

Овој текст е објавен во категоријата Дизајн и ги содржи следните клучни зборови: Brainster. brainster kariera, kariera. kursevi, вработување, кариера, компанија, нова кариера, платформа, програмирање, работа, стартап, технологија, книги за дизајнери, книги за програмери. книги за бизнис. книги за маркетинг, knigi za dizajn, knigi za marketing, knigi za programiranje, knigi za biznis, kurs za microsoft excel, kurs za illustrator. kurs za photoshop. kurs za pr, kurs za onlajn marketing, obuka. akademija za programiranje, akademija za kodiranje. akademija za marketing, obuka za marketing. obuka za facebook, обука за маркетинг, академија за програмирање, обука за програмирање

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА