Веб платформите се најскапоценото нешто во спопственост на нашите компании денес. Веќе некое време сме свесни за ова. Меѓутоа, очигледно сѐ уште ги има оние кои мачно се вклучуваат и ужасно изгледаат кога ќе ги отвориш од телефон. Таква ли е и твојата?
Дури и да не е лоша, да се вклучува во ред, да изгледа океј и на мал и на голем екран, дали е сепак онолку добра колку што навистина може да биде? Кога веќе знаеш колку е важно е сето ова, дали и го посвети времето и вниманието ( и парите) што таа ги заслужува?
Не е тајна дека некои веб страни се подобри од останатите. Можеби ти е удобно да се прилагодуваш на најтренди бои и дизајн кој добро фунционирал во изминатите 3 години, но мораш да се потрудиш многу повеќе од тоа.
Денес бар, кога се обидуваш да смислиш неверојатна платформа, а не сакаш да си ги потрошиш мачно заработените пари, има неколку убави веб страни кои нудат некои добри и брзи начини за да си го подобриш дизајнот на сопствената. Единствено нешто што мораш да го направиш пред да започнеш е да се осигураш дека знаеш што сакаш! Размисли околу ова. Што е тоа што секој од нас го цени кога станува збор за убави веб страни?
Твојата веб страна мора да биде брза и ефективна
Важи дури и без да го кажеме! Ништо не нервира повеќе отколку страна која не функционира како што треба и како што веќе реков – добриот дизајн е фукнционален дизајн. Дизајнот и техниката одат рака под рака, затоа твојата твојата платформа мора да биде дизајнирана на начин на кој ќе се усогласува со сите пребарувачи. Креирањето на чиста и свежа страна е популарно поради едно очигледно нешто – создава подобро корисничко искуство.
Никогаш не заборавај да ја следиш брзината на страната и прилагоди ја за секакви видови на уреди. Денес огромен дел од посетите доаѓаат преку мобилни телефони и е едноставно ужасно доколку не фукнционира како што треба од малечок екран. Најважно на што треба да мислиш е на големината на текстот и копчињата. Погледни како се снаоѓаат списанијата. Тие ставаат копче на зголемување на текстот што е всушност одлична идеја.
Мора да биде убава, секако
Нели е токму во тоа важноста на дизајнот? Да создаваш нешта кои изгледаат убаво?
Знаеш ли што е и убаво и кул кога станува збор за веб страни? Едноставноста. Веројатно важи и за сѐ останато, не само за веб страните. Со претерано комплициран дизајн единственото нешто кое што ќе го направиш е што ќе ги збуниш и налутиш муштериите. Никој не сака да гледа тон бои одеднаш. Колку и да се убави, луѓето нема да уживаат да ги отвораат страните на твојата платформа доколку им приредуваш различни бои во позадина.
Наместо тоа избери палета на бои и придржувај се кон неа. Бирај ги боите разумно. Има многу книги и статии за тоа какви чувства предизвикуваат боите, па провери ги и уогласи ги со твојата приказна и целосниот брендинг на компанијата.
Од друга страна, да имаш многу слободен простор на страната не значи дека треба целосно да го исполниш. Мораш да ја разбереш моќта на празнината. Играј си со содржината и испоробувај да ја местиш наоколу доdека не и го најдеш вистинското место. Пренатрупаните страни не се лесни за гледање и се напнати за читателите.
Содржината треба да биде јасна и сконцентрирана на една тема
Веројатно има многу нешта кои сакаш да ги ставиш на страната, затоа што сакаш да споделиш сѐ со секого. Во ред е твојата компанија да има многу нешта за раскажување, дури и одлично е, но мораш да останеш фокусиран. Мораш да работиш паметно и да внимателно да бираш содржина. Мораш да го намалиш обемот на информации на неколку теми, дури и да е една.
Освен тоа што треба да останеш фокусиран, мораш да се увериш дека веб страната ти е чиста. Ова значи дека ако некој наиде на твојата страна, тој ќе биде способен да се снајде и да сфати што е тоа што имаш да го понудиш во само неколку секунди, а се постигнува со ставање на слоган на самиот почеток или со тоа што ќе ја пишеш мисијата на твојата компанија.
Добар начин да провериш како напредуваш и да видиш дали ги намамуваш вистинските читатели е да ги провериш стапките на entry, exit и bounce стапката за индивидувални страни. Ако bounce стапката е ниска тоа значи дека платформата ги поттикнува посетителите да навлезат подалбоко на самата страна.
Но доколку одредена страна има голем број на посети, а bounce стапката е огромна
– тогаш имаш проблем кој мораш да го решиш!