Лекции од искусните: Што мора да знае секој претприемач

Фактот што ги избра бизнис лекциите значи дека веројатно размислуваш да започнеш свој бизнис или веќе го имаш започнато. Всушност и не е важно дали лансираш сопствена компанија или едноставно ја менуваш кариерата затоа што си во потрага по нешто што најмногу ќе ти одговара. Треба да знаеш – бизнис светот знае да биде онолку комплициран колку што е и возбудлив.

Што и да си избрал да правиш претпоставувам дека си веќе свесен за ризикот. Омилените начини за намалување на ризик претставуваат инспирација, образование и мотивација; станува збор за тоа да ги следиш поискусните и да слушаш што имаат да кажат. На пример, Elon Musk, човекот кој стои зад Tesla, Solar City и Space X, рече дека најдобриот совет кој може да му го даде на претприемач е да научи да прифаќа критика. Додаде дека е неверојатно важно да бараш feedback за идеите од колку што можеш повеќе луѓе, а патем и мислење. Секако дека никој не ужива во негативна критика, но токму таквата е најбрзиот начин да се соочиш со слабостите (првиот и најважниот чекор да ги надминеш за да станеш подобар).

Нормално дека никој до сега нема напишано мотивациона статија без да го напомене името на Steve Jobs кој секогаш успева да мотивира. Еден од многуте негови трикови е што секој пат кога ќе вработел некој (особено некој на повисока позиција во компанијата), освен тоа што гледал дали човекот е интелигентен, гледал и дали тој е вистински вљубен во компанијата (Apple).
Според него – ако си вистински вљубен во компанијата и тоа што го правиш, сè останато ќе си дојде.

Секој од познатите и успешни луѓе го дели практично горе долу истиот совет. Па она што го направив беше да ги соберам и подредам најнеопходните и да ги наведам подолу.

Барај совети

Дали си ти секогаш најпаметната личност во собата? Ако да, тогаш си веројатно во погрешната соба. Еден од најпознатите совети (со добра причина) е важноста на менторството. Не можам ни да ја опишам важноста да се има добар ментор.

Сите, зпочнувајќи со Bill Gates и Mark Zuckerberg, до Victoria Beckham и Michael Jordan бар еднаш проговорија за тоа колку е важно да се следи ментор и како тој придонесува за да се постигне успех. Но кога станува збор за менторство, многу е полесно да се зборува одошто да се направи нешто. Да се пронајде вистинскиот ментор е неверојатно тешко, а понекогаш може да трае дури и години пред да го препознаеш.

Но не се демотивирај веднаш, до тогаш сите го имаме Google. Читај ги приказните, советите и триковите, читај автобиографски книги и обиди се да го впиеш искуството.

Не се задоволувај

Кога мајка ти ќе ти рече дека си тврдоглав тогаш веројатно го мисли тоа на негативен начин. Тврдоглавоста сепак честопати знае да се исплати. Секогаш треба да си свесен што заслужуваш и никогаш да не се задоволуваш со помалку.

Ја знаеш приказната за Pete Cashmore?  Кога го продадоа TechCrunch на АОL, Cashmore беше решен да не го продава Mashable. А кој е денес поголем? Успехот никогаш не доаѓа лесно! Она што денес го сметаш за неуспех, може да биде причината поради која ќе победиш утре. Понекогаш ќе поминат години сè додека не ја достигнеш точката кон која целиш. Мораш да бидеш свесен за ова. Ниедна компанија не успеала за само неколку месеци. Погледни како Zuckerberg не го продаде Facebook дури и кога добиваше неодоливи понуди, а никогаш не се ни надеваше да достигне успех преку ноќ.

Подобри ја комуникацијата со клиентите и вработените

Garret Camp од Uber тврди дека најголемата причина за неговиот успех е иницијативата за и одржувањето на комуникацијата со клиентите. Оваа може да биде од каков било вид. Не е важно дали се постојани објави на социјалните медиуми, споделување на информации или директно обраќање на клиентите (кое никогаш не било полесно oд  денес). Од огромна важност е за доброто на твојата компанија.

Но од друга страна, одличен начин да замрсиш сè што градиш е да имаш лоша комуникација со вработените, во однос на вести и најнови планови и дела. Може да го ограничи квалитетот на работата, нивните способности и може да стигне до степен да го потисне успехот на целата компанија. Секогаш, ама баш секогаш, внимавај вработените да бидат известени. Неделни и месечни состаноци треба да се приоритет.

Работи паметно

Концептот дека треба да поминеш многу, многу часови работејќи со цел да создадеш нешто добро, е сосем неточен. Кога компаниите ќе го увидат ова, веднаш менуваат начинот на кој фунционираат со тоа што воведуваат слободни работни часови и работење од страна. Размисли околу ова – колку и да мислиш дека мачната работа е клуч за успех, честопати е причината за спротивното.

Со денешната технологија и со сè што таа ни нуди, важно е да се остане во тек, да се остане информиран за сите алатки што би ти притребале за попаметна и побрза работа, патем штедејќи на време и енергија.

Вмрежувај се колку што е можно повеќе

Ќе ти треба одреден период додека не ја сфатиш важноста на вмрежувањето. Наскоро ќе почнеш да ги забележуваш придобивките од убавите нови познанства и колку тие можат да бидат од полза за успехот на компанијата. Дури ни интернетот не успеа да го уништи влијанието на маркетирањето во живо.

Ова не значи дека вмрежувањето треба да го гледаш како создавање и одржување на LinkedIn и Facebook контакти. Идејата позади успешното вмрежување не е во ритуалот на делењето на бизнис катички туку преку градење и одржување на силни и сериозни врски со луѓе кои можат да ти помогнат да ја засениш конкуренцијата.

22

 

 

Овој текст е објавен во категоријата Бизнис и ги содржи следните клучни зборови: Brainster. brainster kariera, kariera. kursevi, вработување, кариера, компанија, нова кариера, платформа, програмирање, работа, стартап, технологија, книги за дизајнери, книги за програмери. книги за бизнис. книги за маркетинг, knigi za dizajn, knigi za marketing, knigi za programiranje, knigi za biznis, kurs za microsoft excel, kurs za illustrator. kurs za photoshop. kurs za pr, kurs za onlajn marketing, obuka. akademija za programiranje, akademija za kodiranje. akademija za marketing, obuka za marketing. obuka za facebook, обука за маркетинг, академија за програмирање, обука за програмирање

Related Stories For You