Мораме да признаеме нешто – кога не знеме кое чоколадо да го купиме, го бираме она во најпривлечното пакување.

И веројатно не сме единствените. Сите си имаме слаба точка за убав дизајн и океј е, затоа што токму тоа го двои доброто парче дизајн од просечното. Би ја дополниле поговорката – кога не знаеш што е добро – погледни ја цената, а веднаш после тоа – погледни го дизајнот.

Ова може на да се примени во секоја област. Всушност и за сè што имаш преплатено – убавата фотеља што си ја купи од од продавницата во маалото, изгор скапиот отворач на шише што изгледа како ракета, дури и тетратката од рециклирана хартија.

Можеби редно време е да застанеш на другата страна. Мораш да ја исцедиш до максимум моќта на прекрасниот дизајн за да се истакнеш во морето од конкуренција кое изгледа досадно и исто. Може да биде една од твоите мали тајни, но не заборавај дека никогаш не е онолку едноставно колку што изгледа кога треба да смислуваш дизајн за производ. Колку и да е преубав, мора да се вклопува во твојот бренд и целната публика.

Па пред да тргнеш во потрага по најдобриот дизајнер во градот, разгледај ја кратката листа на совети. Започни со тоа што ќе си оформиш во главата мал бизнис, пример замислена компанија за рачно берено органско какао за чоколадо.

Биди уникатен

Логично е да започнеш со замислата и да бидеш јасен во желбата за автентичен дизајн. Начинот на кој што изгледа твојот производ го отсликува фактот каков всушност е и како ќе те направи да се чувствуваш. Ова може да биде успешно само под услов да е вистинско. Верувај, луѓето можат да намирисаат имитација на километар.

Единствениот начин да бидеш уникатен е да бидеш свој. Не може да шеташ наоколу и да проповедаш без да делуваш. Се препознава нормално, затоа што е повеќе од очигледно. Зошто некој би ти верувал ако не си веруваш сам.

Ако производите ти се рачно берени, еколошки и ако компанијата се грижи за благосостојбата на вработените, тогаш ти си тој кој најмногу треба да се грижи! Мораш ти да бидеш тој што ќе остане сконцентриран на околината и што ќе им досадува на вработените со прашањето дали се задоволни.

Која е твојата приказна?

Мораш да имаш приказна. Не само каква било приказна, туку добра приказна. Знаеш ли што е тоа што луѓето го сакаат? Кои се тие нешта што предизвикуваат чувства? Дури си има и име – емоционален маркетинг. Го помниш оној одвратен сок што не престануваш да го купуваш затоа што вкусот те потсетува на безгрижните детски денови? Па, тоа е тоа. Чувствата те тераат да купуваш.

А нешто што најлесно ги предизвикува чувствата се приказните. Секоја компанија има приказна – Како вие дечки станавте ортаци и го изградивте стартапов? Како лансиравте? Што беше пресвртницата или која длабока изрека те мотивираше толку многу? Кога ќе си ја препознаеш приказната, еднакво важно е да научиш како да ја раскажуваш. Прави го тоа лично и осигурај се да е важна за твоите муштерии.

Тоа што помисливме на органско чоколадо не потсети на дизајнот и брендот на Lush. Секогаш имаат воодушевувачки дизајни и уште повоодушевувачки приказни. Одличен пример е за тоа колку добро осмислениот дизајн може да ја отслика твојата приказна. Дали си совесен како влијаеш на природата? Ова е нешто што твоите муштерии би сакале да го знаат.

Твојот дизајн мора да има цел

Онака како што компанијата има цел, така и дизајнот треба да има. Учејќи од најдобрите, да речеме Apple, ни укажа на тоа колку се тесно поврзани дизајнот и техничката изведба на производот.

Да се изгледа добро никогаш не е доволно, особено денес кога тоа да смислиш убава опаковка е онолку лесно колку и да пишеш Pinterest.com и да кликнеш ентер. Така што прејди на повисоко ниво и створи смисла за секое делче од дизајнот. Од каде да знам, можеби твојата опаковка може да се употреби како боенка за дечиња…?

конкуренција

 

 

 

Овој текст е објавен во категоријата Дизајн и ги содржи следните клучни зборови: Brainster. brainster kariera, kariera. kursevi, вработување, кариера, компанија, нова кариера, платформа, програмирање, работа, стартап, технологија, книги за дизајнери, книги за програмери. книги за бизнис. книги за маркетинг, knigi za dizajn, knigi za marketing, knigi za programiranje, knigi za biznis, kurs za microsoft excel, kurs za illustrator. kurs za photoshop. kurs za pr, kurs za onlajn marketing, obuka. akademija za programiranje, akademija za kodiranje. akademija za marketing, obuka za marketing. obuka za facebook, обука за маркетинг, академија за програмирање, обука за програмирање