Сигурни сме дека имаш слушнато и претходно за ова, но со причина се вели – фактите здосадуваат, приказните продаваат. Ајде да го однесеме чекор подалеку во обид да се приспособиме на новата ера и да го преточиме во – пишаните приказни здосадуваат, додека визуелно раскажаните приказни намамуваат.
Визуелното раскажување на приказни е buzzword поради многу причини, а Pinterest, Instagram и Snapchat се само дел од нив. Значи повеќето од најпопуларните страни се засновани на приказни кои може да се изгледаат. Добрите маркетери лесно учат и не само што се приспособуваат брзо туку и успеваат да го искористат до максимум она што тие платформи имаат да го понудат.
Успешно да се остане на врвот, ќе те натера да научиш како да го вметнеш визуелното раскажување во секојдневната работа и ефективно да ги заангажираш посетителите.
За почеток ајде да те мотивираме со неколкуте добри статистички податоци од еден infographic на коj наидовме. Очигледно е веројатно 64% од посетителите на веб страната да купат производ откако ќе изгледаат видео. Facebook објавите и сликите поттикнуваат посетителите најмногу да делуваат (односно 87% од целосната интеракција). Меѓутоа тажната вистина е дека не сите се еднакво создадени и не секоја има моќ да раскаже приказна.
Најверојатно веќе си свесен за тоа како делува доброто раскажување, но уште ти нема светнато. Способен си да распознаеш добар од лош филм нели? Па помисли на сите добри филмови кои си ги изгледал, анализирај ги начините со кои се служеле да ја претстават приказната и ќе дојдеш до истите заклучоци. Продолжи да вртиш надолу и разгледај ги советите и триковите кои ќе ти помогнат да станеш повешт во раскажувањето на визуелни приказни.
Визуелното раскажување значи повеќе видливи работи и помалку зборови
Се обидовме да го избегнеме клишето на реченицата – една слика вреди 1000 збора, но сосема се вклопува во она што сакаме да го пренесеме. Дури и после векот на фимот без зборови, најдобрите раскажувачи сè уште знаат да раскажат приказна со само неколку збора.
А денес е дури и полесно од кога и да било да создадеш визуелно прикажани приказни, со која било форма – видео од 7 секунди, meme, инфографик или фотографија со одличен филтер. За сè постои апликација, па дозволи и на естетиката да говори. Употреби ги паметно за да ги прикажеш придобивките што луѓето би ги имале доколку го користат твојот производ.
Направи ја твојата содржина лична
Времињата во кои го поставуваше автоматското време за постовите да се објавуваат на Facebook завршија. Не само што веќе не изгледа добро, туку и не функционира. Мораш да навлезеш подлабоко и засебно да ја испиташ секоја платформа за социјални медиуми. Откриј ги особеностите и способностите. Анализирај ја демографската рамка на публиката која ги користи со цел да дојдеш до сознанието кои се најдобрите видови на визуелно раскажување кои можеш да ги употребуваш.
Учи од џинови. Застани им на рамо и анализирај како најуспешните компании успеваат во намерите. Следи ги. Ако оние што те следат на инстаграм уживаат во добра приказна повеќе отколку во обична слика, тогаш дај им ја. Веројатно не можеш да си дозволиш тим од маркетери, така што во ред е да заангажираш една личност да се фокусира на платформите и со малку повеќе труд ќе наидеш на вистинската формула која ќе делува најдобро за твојот производ.
Не заборавај да бидеш човечен
Не е тајна дека луѓето повеќе се поврзуваат со други луѓе отколку со брендови и бизниси. Ова значи дека визуелниот маркетинг ќе влијае многу повеќе кога во приказната ќе се вметне човечки елемент.
Не ја раскажувај приказната на самиот бренд, туку дозволи им на муштериите да се запознаат со приказната на луѓето кои стојат позади тој бренд. Покажи им дека има вистински животи кои работат на производ, покажи се себеси, твоите вработени и муштериите. Луѓето ќе сакаат да знаат дали бил Van Gogh или Monet оној кој ја насликал сликата која им се допаѓа. Секој се поврзува со уметникот, без разлика дали станува збор за писателот на убавата статија или режисерот на нивниот најомилен филм.
Биди попристапен и поприземјен, како ти, така и твојот бренд. Токму ова е причината зошто холивудските актери споделуваат фотографии од секојдневието на профилите. Сакаат да бидат видени како вистински личности, а токму тоа треба да го сакаш и ти.
Биди свој
Едно нешто е да се изгледа човечки, но друго е да се одведе приказната на лично ниво. Не заборавај дека најчовечниот дел од тебе се твоите маани. Не се плаши да ги покажеш, напротив, биди горд на нив. Луѓето многу повеќе ќе ти веруваат доколку изгледаш како секоја друга личност, отколку како совршено дизајнирана Facebook страница.
Биди свој со тоа што ќе поделиш нешто лично и уникатно. Укажи им на муштериите што те прави различен од останатите брендови. Ако твојата компанија произведува козметички производи направени од арганово масло, оди и раскажи им на муштериите приказна за жената од селото во Мароко од која што го купуваш арганот и помогни им да го направат општеството поодржливо.
Сконцентрирај се
Никој не трпи личност која без престан раскажува неважни детали. Умешните луѓе знаат како да раскажат приказна со помош на помалку зборови/слики со цел да пренесат повеќе. Дури е и многу поризично кога станува збор за визуелна приказна, затоа што ако раскажеш премногу детално ќе ја изгубиш публиката.
Не заборавај да бидеш паметен и да се фокусираш само на важните работи. Споделувај содржина која е чиста, јасна и избалансирана. Луѓето се премногу зафатени и им е потребен некој кој ќе им помогне да се фокусираат, дури и да значи да следиш шема од една основна слика Rule of Thirds.
Овој текст е објавен во категоријата Дизајн и ги содржи следните клучни зборови: Brainster. brainster kariera, kariera. kursevi, вработување, кариера, компанија, нова кариера, платформа, програмирање, работа, стартап, технологија, книги за дизајнери, книги за програмери. книги за бизнис. книги за маркетинг, knigi za dizajn, knigi za marketing, knigi za programiranje, knigi za biznis, kurs za microsoft excel, kurs za illustrator. kurs za photoshop. kurs za pr, kurs za onlajn marketing, obuka. akademija za programiranje, akademija za kodiranje. akademija za marketing, obuka za marketing. obuka za facebook, обука за маркетинг, академија за програмирање, обука за програмирање