Приоритет на Академијата за UX/UI дизајн е успешно вработување на студентите по завршување. Па, затоа нашето портфолио на соработници од индустријата го збогативме со BannerBoo. Се работи за австриска компанија за која нашите суденти ќе имаат можност да изработат реален проект и со тоа да го збогатат своето дизајнерско портфолио.
Нашата Академија за UX/UI дизајн оди чекор понапред од само практично учење. Идејата е студентите да се запознаат и да се вклучат во компаниското работење преку креирање на дизајнерски портфолиа под директно менторство од инструктори и поврзување на студентите со локални и глобални компании.
BannerBoo е само една од компаниите кои се дел од StartUp Wise Guys (хаб со повеќе од 150 стартап компании од Австрија) со кои потпишавме соработка и станаа Learning Partners на нашата Академија.
Претставници од BannerBoo и StartUp Wise Guys ќе ги избрифираат студентите за проектите на кои ќе работат на некој од часовите со спецификации за изработка и ќе ги споделат очекувањата од истиот. Потоа, нашите инструктори ќе ги водат студентите низ процесот на работа додека не стигнат до финално решение. Финалното решение ќе биде претставено пред StartUp Wise Guys и BannerBoo. Па, така студентите ќе имаат можност да добијат фидбек од компаниите и да ги претсават нивните дизајнерски способности.
Уписите на Академијата за UX/UI се пред крај, a останати се уште само 2 слободни места. Аплицирај и биди дел од првата групa.
Резeрвирај го твоето место ТУКА.