Brainster е партнер на ‘Laika, Meet the future’ серијалот од бесплатни настани за технологија кои ги собираат најдобрите инженери и професионалци околу теми за кои вреди да се зборува. На 30ти септември ќе се одржи втор по ред настан во организација на Laika – платформа за поврзување на компании со таленти од ИТ секторот.

Настанот ќе биде со тема Product Development на кој 6 спикери ќе зборуваат за развој на дигитални производи кои се дел од глобалната економија. Која е разликата меѓу тоа да работиш за Product-Oriented компанија наспроти outsourcing? Кои се најголемите предизвици на развивањето продукти во МК? Кои технологии да се одберат за да се направи future-proof производ? Како се поставени тимовите во product компании?

6 локални ИТ професионалци ќе споделат нивно искуство во форма на 5 Case Studies. Раде Деспотовски CTO на Microtica ќе зборува за процесот на градење на продуктот преку негово користење. Марина Таневска, Deputy Product Owner на Amplus ќе зборува за платформа за менаџирање на податоци, направена за влади и компании. Никола Јордановски CTO на UpShift ќе зборува за продукт кој денес има претставништво во 14 градови во САД и им помага на илјадници луѓе да си овозможат подобар живот. Трајче Кичевски и Катерина Митревска од Telekom ќе зборуваат за нивната self-service платформа и Александра Јанакиевска, CEO & Co-Founder на Wearelaika.com ќе зборува за тоа како одеше создавањето и лансирањето на платформата.

Laika е платформа за поврзување на Tech професионалци и IT компании. Во моментов има 30+ отворени работни позиции во product-oriented компании. На Laika, Tech професионалците можат да аплицираат на отворени позиции во 4 држави и да добиваат работни понуди од IT компаниите – врз база на вештините, задржувајќи го својот идентитет.

Компаниите од друга страна добиваат филтрирани портфолија од кандидатите соодветни за отворените позиции. На платформата има 6500 професионалци и 100 компании, и бројката сè уште расте. Не ги пропуштај најдобрите можности и регистрирај се на https://www.wearelaika.com/