Знаеш дека ти треба веб-страна за твојот бизнис, но не знаеш како да ја направиш, или веќе имаш готов сајт, но не можеш да се снајдеш за самостојно да го уредуваш. WordPress е идеална платформа во овие ситуации.

WordPress стана најкористен систем за управување со содржини во кој се направени 30% од веб страните во светот. Првобитно, бил наменет само како место за блогирање, но сега нуди многу повеќе од тоа и претставува една голема, универзална платформа.

Пред почеток на новиот курс за WordPress, oва се неколку причини кои ќе ти помогнат да дојдеш до заклучок зошто треба да го изградиш твојот сајт на WordPress.

1. Бесплатен е

WordPress можеш бесплатно да го преземеш, инсталираш и користиш. Единствениот дополнителен трошок е доколку сакаш да добиеш комерцијална тема, но тоа не е задолжително. Можеш да ги користиш слободните теми на WordPress.

2. Едноставен за уредување

Градењето на целосно нова веб-страна можеби ти изгледа како да треба да ангажираш многу интернет експерти и програмери. Всушност, сѐ што ти е потребно е интернет конекција и веб пребарувач. WordPress нуди голем број теми и опции и за тоа не мора да ангажираш програмер. Самостојно можеш да ја уредиш содржината како што ти одговара. Големиот број функции на WordPress овозможува да се направи твојот веб-сајт да изгледа визуелно привлечно. Имаш можност да креираш видео галерии, слајд-шоу и многу други форми на содржина, а сѐ тоа е едноставно за користење.

3. Добар за SEO

Секој сопственик на веб-сајт треба да ја знае вредноста на оптимизацијата и да го има во предвид тоа кога бара систем за управување со содржини. WordPress може да ти помогне да стигнеш на врвот на резултатите од пребарувањето. Тоа ти дава предност во однос на други веб-сајтови и Google нема проблем да го задржи твојот сајт на врвот на резултатите од пребарувањето. Дополнително со додавањето keywords имаш приоритет во однос на другите веб-сајтови.

4.  Прилагодлив

Корисниците ги избегнуваат половина од веб-сајтовите затоа што не се доволно едноставни за користење на мобилен телефон. WordPress овозможува респонсивност и ги интегрира твоите блог постови со социјалните мрежи како Тwitter, Facebook и LinkedIn. Така наместо да одиш поединечно на секоја платформа и да го објавуваш секој пост, добрата интеграција со WordPress многу ја поедноставува работата.

Ова се само дел од работите кои го прават WordPress идеална платформа. На Курсот за Word Press можеш да научиш како да изградиш веб сајт од почеток до крај, без да знаеш програмирање.

Related Stories For You

Како до 1.000.000€? 🤫