Супер свежо од рерната излезе новиот Курс за Search Engine Optimization со Теодор Јосифовски. Еден по еден се собраа маркетери, банкари, блогери и IT guys, мотивирани да станат први на Google!

The man on the job e Тео. SEO Аналитичар, Дигитален Маркетер, автор и Growth Hacker. Top-Rated UpWork фриленсер со преку 7 години беспрекорен рејтинг на платформата.  Ко-основач на StaroKupujem.mk и активен учесник во сите фриленс заедници. Дипломиран инженер по електротехника и информациски технологии.

курс за search engine optimization

15 учесници, 5 дена, 3 домашни, неколку симулации и  кафиња подоцна…

Научивме како да создаваме онлајн содржина.

Да ги користиме алатките за успешно онлајн работење.

Високо да го пласираме нашиот Web сајт и да ги мериме резултатите.

Да ја оптимизираме нашата онлајн содржина за да ги постигнеме посакуваните бизнис резултати!

Пред да ја формираме новата група… Запознај го инструкторот!

Како дојде до тоа да работиш SEO?

Мојата SEO приказна започна за време на моите студии кога решив да се обидам да најдам работа преку UpWork. Платформата во тоа време нудеше одлични можности за заработка и по само неколку месеци сосема случајно дојдов до клиент кој самиот се понуди да ме научи основни SEO вештини. Со оглед дека клиентот имаше повеќемилионска годишна заработка и инвестираше во луѓе кои би му помогнале со SEO, многу брзо ми стана јасно дека овие вештини се многу значајни. Секако, јас натаму без двоумење самиот се насочив кон развој на моето знаење од областа.

Кому го препорачуваш овој курс?

Основниот курс би го препорачал на скоро секој со и без познавања од IT сферата. Од Web девелопери, до блогери и власници на бизнис со Web присуство – сите може да научат нешто од корист. Дури и ако само сте во фаза на размислување да отворите онлајн бизнис, содржините од овој курс би ви биле од голем интерес. Интернетот е навистина големо место и да бидете пронајдени од вистинските луѓе без помош од SEO станува комплицирано.

Се гледаме на следниот Курс за Search Engine Optimization!

курс за search engine optimization

Овој текст е објавен во категоријата Маркетинг и ги содржи следните клучни зборови: Brainster . brainster kariera, kariera . kursevi, вработување, кариера, нова кариера, платформа, работа, стартап, технологија . kurs za onlajn marketing, obuka. akademija za programiranje, akademija za kodiranje. akademija za marketing, obuka za marketing. obuka za facebook, обука за маркетинг. kurs za google ads, курс за google ads, kurs za search engine optimization, kurs za seo, курс за search engine optimization, курс за seo