Успешна приказна: Стефан и Дамјан се Brainster-и на месецот

До сега низ Brainster поминаа многу учесници: 2300 да бидеме попрецизни и бројката секој ден се зголемува. Секоја група е комплетно различна од претходната, а нас никогаш не ни се здосадува да разговараме за вселенски соништа и кариера како за на филм. Овој месец ќе ги одвоиме Стефан Момиќ и Дамјан Миновски како најпродуктивни учесници на Курсот за Microsoft Excel.

1. Кажете нешто за себе.

Стефан: Поранешен студент во областа на финансии и голем љубител на музика. Моментално Шпаркастичен банкар со огромен апетит за откривање на сите загатки кои ги крие дигиталниот свет.

Дамјан: Имам 23 години, од Скопје сум, моментално студент на економскиот факултет ,набрзо дипломиран економист на смерот финансиски менаџмент.

2. Зошто дојдовте на курс во Brainster?

Стефан: Решив да го посетам курсот со цел надградба и усовршување на знаењата во Microsoft Excel и поради фактот што Brainster нуди одлично изработена програма.

Дамјан: Имав желба и потреба да го научам и усовршам Excel програмот , па мислам дека ова беше најлесниот а и најинтересниот начин.

3. Што ви се допадна најмногу?

Стефан: Најмногу ми се допадна тоа што за време на курсот атмосферата беше пријателска и од отворен карактер во кој сите слушатели имаа подеднаков удел, како и предавачот кој во секој момент беше спремен да ни одговори на било кое прашање и да ни ја реши секоја дилема.

Дамјан: Позитивната енергија и пријателската настроеност на целиот тим на Brainster ми остави најголем впечаток. Сепак најмногу ми се допадна тоа што имав слобода да си направам кафе пред секое предавање.

4. Како ќе ја примените оваа вештина, што понатаму?

Стефан: Знаењето стекнато на курсот го применувам уште од самиот почеток поради тоа што работното место ми го налага истото, но голема примена гледам и во приватниот живот каде што табеларно-статистичките пресметки зафаќаат се поголем дел од моите активности.

Дамјан: Па мислсам дека Excel е програм што има широка примена и дека ке ми биде неопходен за работа. Што понатаму…Се спрема дипломска за да се заврши факултетот, потоа се фокусираме на работа.

5. Која е вашата работа од соништата?

Стефан: Работата од соништата никако не би можел да ја конкретизирам во овој момент, но би претставувала синтеза од дигитални алатки во комбинација со голема доза на креативност.

Дамјан: Уфф , тешко прашање, мислам дека ќе остане неодговорено, нема љутиш.

6. Одиме на пиво? 🙂

Стефан: Одиме ако не е само едно 🙂

Дамјан: Со добро друштво? – Секогаш.
kurs za microsoft excel

 

 

Овој текст е објавен во категоријата Бизнис и ги содржи следните клучни зборови: Brainster. brainster kariera, kariera. kursevi, вработување, кариера, компанија, нова кариера, платформа, програмирање, работа, стартап, технологија, книги за дизајнери, книги за програмери. книги за бизнис. книги за маркетинг, knigi za dizajn, knigi za marketing, knigi za programiranje, knigi za biznis, kurs za microsoft excel, kurs za illustrator. kurs za photoshop. kurs za pr, kurs za onlajn marketing, obuka. akademija za programiranje, akademija za kodiranje. akademija za marketing, obuka za marketing. obuka za facebook, обука за маркетинг, курс за ексел

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

10 Компании. 100 Студенти. 1000€ Ваучер.