Александар Ѓурчиноски е инструкторот на 12 дневниот Курс за Microsoft Excel. Работи како бизнис аналитичар во Ramstore Македонија и ни е еден од омилените Brainster-и за пиво после часови! 🙂 Пред да стартуваме со новата група, запознај го преку неколку кратки прашања!

1. Кажи ни нешто за тебе!

Бизнис аналитичар кој сака да работи со бројки и да носи заклучоци од егзактни информации. Финансиите и аналитиката ми се пасија, која во последно време ја надополнувам со програмски јазици.

2. Зошто Microsoft Excel?

Затоа што претставува апликација која преку броеви и соодветни анализи го поедноставува одговорот за подобра одлука во кој било дел од животот, без оглед дали се работи за бизнис симулација или некоја конкретна бизнис акција. Во денешно време неизбежна во секој сегмент на бизнис светот и секоја професија.

3. Како ти учиш нови вештини и кој е најефективниот начин за учење?

На почеток секогаш се запознавам со теоретскиот дел на секоја нова вештина и што истата може да ни понуди и во кој дел може да се искористи. Следниот чекор е учењето преку практична настава и реален проект без оглед на неговата големина. Овие две фази сметам дека се и единствените за неизбежен успех.

4. Што ќе научиме на Курсот за Microsoft Excel, кому го препорачуваш?

На Курсот за Excel учесниците ќе се стекнат со вештини на ефективно и ефикасно користење на самата апликација. Ќе научат да решаваат секојдневни бизнис проблеми, со акцент на изработка на нумерички и графички решенија. Ќе креираат база на податоци од која ќе влечат корисни информации. Го препорачувам на секој претприемач, студент, истражувач, маркетер, финансиски менаџер, административен работник или амбициозен ентузијаст кој секојдневно работи со податоци и сака да се стекне со вештината да извлече заклучоци од нив.

5. Број 1 совет за кариера од соништата? 🙂

Секој почеток е тежок, следете го инстинктот во која област може да бидете најдобри и започнете го првиот чекор. Само така хобито ќе стане професија!

kurs excel

Овој текст е објавен во категоријата Бизнис и ги содржи следните клучни зборови: Brainster . brainster kariera, kariera . kursevi, вработување, кариера, нова кариера, платформа, работа, стартап, технологија . obuka, akademija za programiranje, akademija za kodiranje. akademija za marketing, obuka za marketing, обука за маркетинг. kurs za google ads, курс за google ads, kurs za microsoft excel, kurs za excel skopje.