Филип Антониев од McCann Скопје е нашиот нов Brainster за дизајн! Ќе биде инструктор на курсевите за Adobe Illustrator CC и Adobe Photoshop CC и ќе ни покаже како се станува дизајнер од прва рака.

1. Кажи ни нешто повеќе за тебе!

Имам 11 години професионално искуство како графички дизајнер во повеќе различни компании. Но сепак најмногу се пронаоѓам во маркетинг агенција бидејќи начинот и брзината на усовршување во професијата ги задоволуваат моите апетити за постојано унапредување.

2. Кој е најефективниот начин за стекнување нови вештини за напредок во кариерата?

Упорноста и љубопитноста се на прво место, но комуникацијата и отвореноста со колегите од креатива се многу важен фактор за учење и напредок во кариерата (или како што викаат србите – ко пита, не скита 🙂 )

3. Како ти учиш нови вештини?

Покрај сите обуки кои сум ги поминал, сè уште учам преку Google секој ден. Важно е некој да ти даде добра основа па потоа да се надградуваш сам.

4. Што ќе научиме на Курсот за Adobe Illustrator CC? Кому го препорачуваш?

На курсот ќе научиме основни работи за Adobe Illustrator CC: што е Illustrator, interface-от, разни алатки и принципи на работа… Но тоа не значи дека проектите што ќе ги работиме нема да бидат готови графички решенија кои можат да циркулираат на пазарот. Курсот го препорачувам на сите кои имаат барем основна вештина да ракуваат со компјутер и имаат желба или потреба да научат да работат со software од овој тип. Никогаш не е прерано или предоцна да се научи нова техничка, а сепак креативна вештина.

5. Број 1 совет за успешна дизајнерска кариера?: )

Постојано барање на нов предизвик. Доколку некогаш се почувствуваш како да назадуваш на одредено работно место, барај нова работа! 🙂 ? Ти си креативец и ниту една компанија или поединец не смее да ја уназади твојата кариера како креативец.

 

lighter-district-6

 

 

 

Овој текст е објавен во категоријата Дизајн и ги содржи следните клучни зборови: Brainster. brainster kariera, kariera. kursevi, вработување, кариера, компанија, нова кариера, платформа, програмирање, работа, стартап, технологија, книги за дизајнери, книги за програмери. книги за бизнис. книги за маркетинг, knigi za dizajn, knigi za marketing, knigi za programiranje, knigi za biznis, kurs za microsoft excel, kurs za illustrator. kurs za photoshop. kurs za pr, kurs za onlajn marketing, obuka. akademija za programiranje, akademija za kodiranje. akademija za marketing, obuka za marketing. obuka za facebook, обука за маркетинг. kurs za google ads, курс за google ads

Related Stories For You