Што откако ќе најдеш сигурна работа и ќе стекнеш искуство? Кога се работи за дигиталниот свет, вештините секојдневно се трансформираат и учењето никогаш не престанува. Со вас споделуваме со кои вештини се стекна Милица В. Денковска на нашиот Курс за Google AdWords!
Здраво Милица, претстави ни се! 😀
Key Account Manager во секторот за дигитален маркетинг во 4Virtus. Една од вработените кои се дел од тимот на 4Виртус од самите почетоци. Mислам дека е добро да се биде опкружен со млади, мотивирани и динамични лица. Во таков контекст нема период од денот кој не е исполнет и нема обврска која не може да биде доволно предизвикувачка:)
Посебно мотивирачки делува моментот кога во своето портфолио имате интернационални фирми од калибарот на Samsung, Nikon, Jeep, Gorenje. Уште подобро е кога знаете дека сте пионери во дигиталниот маркетинг во Македонија.
Зошто реши да дојдеш на Kурсот за Google AdWords?
Искрено долго време ги следам курсевите на Brainster и мислам дека ретко каде може да се најдат истите кои се нудат тука. Дополнително, и практичниот пристап кон целата едукација и работењето на реални примери ги прави уште подобри. Најголемата причина беше надоградба на моите познавања од дигиталниот маркетинг, т.е Google AdWords како начин на платено промовирање на производи и услуги. Но и размена на искуства со останатите членови на групата.
Како си помина и што ти се допадна најмногу? 🙂
Секогаш кога сум вклучена во некоја едукација, истото го доживувам како многу пријатно искуство како за личен, така и за професионален развој. Интересен беше моментот што во групата имавме најразлични професионалци кои имаат специфичен пристап кон проблематиката за која се однесуваше курсот.
Што е тоа што го научи на курсот и веднаш го примени на работа?
Во многу нешта усвоеното знаење од курсот се поклопуваше со голем дел од моите работни задачи. Мислам дека од најголемо значење беше детализирањето на тоа како се реализираат одредени активности и како да ги анализираме истите.
Кој е според тебе најефикасниот начин за стекнување на нови вештини?
Според искуството кое го имам во однос на надоградување на вештини и знаења кои се потребни како би биле успешни во својата професија, најефикасно се стекнуваат вештини кога стекнатото знаење ги применувате во реални ситуации. Решавањето на вистински проблеми, следењето на причинско-последичната поврзаност на работите, градењето на аналитички пристап. Тоа е она што секогаш придонесува за ефикасност во самиот процес на стекнување на нови вештини. Теоријата добро звучи, но праксата е секогаш единствена. 🙂
Овој текст е објавен во категоријата Успешни Приказни и ги содржи следните клучни зборови: Brainster. brainster kariera, kariera. kursevi, вработување, кариера, компанија, нова кариера. платформа, програмирање, работа, стартап, технологија, kurs za microsoft excel, kurs za illustrator. kurs za photoshop. kurs za pr, kurs za onlajn marketing, obuka. akademija za marketing, obuka za marketing. obuka za facebook, обука за маркетинг. kurs za google ads, курс за google ads, обука за google adwords, digitalen marketing skopje