Игор Темелков: Со Microsoft Excel до едноставна анализа на податоци

Секогаш спремен за учење и истражување на нови работи, Игор Темелков беше дел од минатиот интензивен курс за Microsoft Excel. Kакво беше неговото искуство?

Здраво Игор, кажи ни нешто за тебе!

Студирам на Економски Факултет во Скопје, департман Маркетинг. Сакам да читам и да истражувам нови работи, хоби ми е кошарка и теретана, а како и секој студент, дружењето е неизоставен дел од моето секојдневие. За себе сметам дека сум комуникативен како личност. Во иднина се гледам како професионалец во областа на маркетинг и продажба, тоа ми е пасија. Сакам предизвици и во иднина сакам да работам како претприемач.

Зошто баш Brainster?

По препорака од пријател и почнувајќи од големиот број успешни приказни, задоволни учесници на курсевите и секако добрo конципираната програма сметам дека Brainster, го нудeше точно она што ми треба.

Што ти остави најмногу впечаток од курсот за Excel?

Пред се посветеноста на професорот и трудот кој го вложи за да ни ги прикаже работите на наједноставен начин. Пред да дојдам на курсот, Excel беше речиси непозната алатка за мене, но сега веќе се чувствувам спремен да ги користам опциите кои ги нуди. Морам да ја пофалам опуштената атмосфера и посветеноста на вработените кон учесниците.

Како ќе ти користат овие вештини за во иднина?

Со оглед на мојата идна професија сметам дека Еxcel е многу важна алатка за работа во секоја компанија. Со правилна употреба на Excel ќе можам да ги поедноставам сите идни активности. Познавањето на нови и корисни функции и формули во Excel ќе ми помогне и во секојдневното работење. 🙂

Новата интензивна програма за Microsoft Excel можеш да ја видиш тука.

microsoft excel skopje

Related Stories For You

Аплицирај и искористи ги ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ од овој уписен рок да го добиеш Brainster+ пакетот за 0 денари.