Не треба да си врвен дизајнер за дa вметнеш вештини поврзани со дизајн во секојдневната работа или хоби. Од друга страна, ова е одлична алатка ако те интересира дизајн и на професионално ниво. Пред претстојниот Курс за Adobe Photoshop CC, ти споделуваме што можеш да направиш во овој програм.
Еден од најважните чекори за оваа постапка во Photoshop е тоа да одбереш две фотографии кои ќе изгледаат убаво кога ќе се искомбинираат. За да поминеш полесно, одбери барем една фотографија која има едноставна светла позадина.
Постави ги фотографиите на посакуваното место, внимавајте фотографијата со девојката да биде во посебен слој, под слојот со цветовите.
Селектирајте ја силуетата каде што сакаш да се покажува ефектот.
Со направената селекција додади маска на слојот со фотографијата од цветовите. Промени го блендинг модот од Normal во Lighten. Веќе ќе добиеш нешто приближно на крајниот резултат. Се што ти останува е со четкичка да ја доработиш маската доколку има области каде се покажуваат цветовите, а не сакаш да се покажуваат или обратно.
Следниот пример е составен од овие две фотографии.
На истиот принцип од претходниот пример, селектирај го дрвото и нанеси маска на слојот со фотографијата од девојката.
На крајот додади позадина и различни ефекти по желба.
И уште еден интересен пример.
Постави ги фотографиите една врз друга на посакуваното место. Блендинг модот на горната фотографија промени го во Color Dodge.
Со додавање на маска ќе можеш да додадеш или одземеш од ефектот онаму каде што сакаш да е поинаков.
Со комбинација на овие неколку техники можеш да изработиш најразлични кул фотографии.