Порастот на влијанието на социјалните медиуми го направи комуницирањето на твојата приказна и порака навистина комплицирано. Модерните односи со јавноста бараат интегриран пристап од повеќе различни канали за зголемување на свесноста, анганжираноста и поврзувањето со брендот. Затоа решивме во Brainster да додадеме една многу важна вештина без која не се може, без разлика дали си студент, маркетер, сопственик на бизнис или амбициозен ентузијаст – PR или односи со јавноста. Запознај ја нашата нова инструкторка Елена Ристовска од Element PR.
1.Која е твојата професија и со што се занимаваш?
На хартија сум магистер за корпоративни комуникации, работам во Element PR, компанија за односи со јавност со титула Креативен директор.
2.Зошто си Brainster инструктор?
Затоа што PR-от како дисциплина се повеќе и повеќе навлегува во сите сегменти на пазарот, од тука и потребата за вакви курсеви. Лично јас поради желбата да пренесувам знаење.
3.Кои професионални вештини се твојата најсилна страна, и би сакала да ги пренесеш на другите?
Совршено функционирам под притисок, правам добри проценки дали тоа се однесува на клиентот, неговите потреби или желби. На пример, во нашата работа како едно од најчесто потенцираните правила е да се дадат неколку предлози. Но, кај некои неколку предлози може да предизвика одвлекување од битната порака што треба да испрати и комуникацијата да се сведи само на визуелна естетика. Затоа, многу е важно да се знае точно целта на комуникација, целта на клиентот – што тој сака и да се направи вистинското решение.
4.Во кои професии се применуваат овие вештини?
Секоја професија. Буквално. Од медицина до јавни личности.
5.Кој е најефективниот начин за стекнување на нови вештини?
Има две опции: да се научи нешто од желба или од urge 🙂 За првото нема најефективен начин, кога има желба сами го наоѓаме најдобриот пат до знаењето. Но кога има притисок и потреба за нешто да се научи, брзината за стекнување на вештините е најбитна.
6.Кои се според тебе најголемите предности на неформалното образование?
Тоа што инструктори од праксата имаат реални примери кои можат да ги споделат. Пренесување искуство е повредно од дефиниции. 🙂
7.Кои карактеристики треба да ги поседуваат оние кои сакаат успешно да го завршат курсот?
Жед за знаење. Ова не е дисциплина за која треба да имате посебен талент. Доволно е да бидете креативни и знаењето стекнато на предавањата да го пренесете на полето кое вам ви е потребно.