Две генерации во заедничка мисија да ги остварат амбициите- Клементина и Арна на курс за Photoshop

Динамиката и постојаната трка со обврските остава малку простор да им се посветиме на активностите и хобијата кои ни го исполнуваат слободното време. Можеби сметаме дека не е дојден моментот или дека е прерано/предоцна за нашите желби и соништа. Но, она што вистински не прави среќни е токму тоа – страста кон одредена работа која ни причинува задоволствo да ја правиме, и која ни дава „ветар во грб“ низ секојдневието.

Приказната на Клементина и Арна кои го посетија курсот за Photoshop  ми го потврди тоа. Клементина е остварен лекар на којa уметноста и е првата платонска љубов, а Арна е млада десетгодишна девојка која веќе има јасна визија за својата иднина.

Заедничкото за нив две, освен тоа што се тетка и внука е и моментот дека негуваат огромна љубов кон естетиката, фотографијата и приказните кои се испреплетуваат во нив. Ова е нивната приказна низ фотографии 🙂

Девојки, многу ми е драго што се запознавме. Вие сте пример дека никогаш не треба да ги потиснуваме идеите и соништата за да се почувствуваме остварени и исполнети.  Како дојдовте до идејата и одлуката да го посетувате курсот за Photoshop во Brainster? 

Арна: одлучив да го посетувам овој курс затоа што сакав да научам како да бидам добра и вешта во едитирање, спојување, менување на слики и подлоги на фотографиите во Photoshop програмата.

Клементина: Социјалните мрежи се сѐ поактуелни , па така и јас се навлеков на нив. Го следам Brainster веќе некое време и ме привлековте да ги разгледам можностите кои ги нудите. Фотографијата е моја дамнешна љубов. Отсекогаш сум имала желба и афинитет да се надградам во тој правец. Сакав да го научам и владеам Photoshop, а кај вас ја видов и препознав таа можност. Краток курс, добра организација на времето и траењето што се вклопува во мојот распоред – тоа е тоа што ми требаше. И предложив на мојата сестра да дојде со мене, но таа ми посочи дека внука ми е онаа која која треба да ме придружува на часовите. На почетокот бев малку скептична, си велев – премала е, има само 10 години, можеби подоцна кога ќе знае подобро што сака, но Арна иако е млада, знае точно што сака да работи. И така… дојдовме кај вас.

Што ве исполнува во слободното време?   

Клементина: Лекарската професија бара максимална стручна посветеност, и токму поради тоа останува многу малку слободно време кое го исполнувам со патување или добар концерт. Фотографиите и видеата кои остануваат од моите патувања и доживувања се оние кои повторно ме навраќаат на убавите моменти.

Арна: Во слободно време сакам да одам на прошетки, да гледам убав филм и да посетам некои нови места.

Тетка и внука – две сосема различни генерации со различна динамика и приоритети. Од една страна – доктор кој изучува трикови во Photoshop, а од друга – млада талентирана девојка како Арна. Граници и ограничувања не постојат за стекнување со нови знаења и вештини, без разлика на професијата и интересите 🙂 Што е следно за вас две? 

Арна: Јас и тетка ми заедно го започнавме овој курс и заедно ќе продолжиме да вежбаме и да се усовршуваме. Понекогаш, кога некоја од нас нешто немаше да сфати и разбере за новата задача од курсот, другата ќе ѝ помогнеше да го разбере тоа подобро. Некогаш јас бев учителот, а некогаш тетка ми. Ние две сме многу добар Photoshop тим и така ќе продолжиме да функционираме.

Клементина: Арна е исклучително интелигентна и талентирана во областа на естетиката. Има јасна визија за себе и желба да ги совлада работите што поскоро. Во мојата животна приказна има нереализиран сон во делот на уметноста. Гладна за неа, почувствував дека ми недостасува тој дел низ животов. Затоа решив да ја зграпчам оваа можност и прилика, да се надградам онаму каде сум скратила и да посветам повеќе внимание на првата љубов, а тоа е фотографијата и уредувањето на слики.

-колаж што ни го испрати Арна на крајот од курсот-

Каде ќе ги примените работите кои ги научивте на курсот

Клементина: Photoshop ќе биде алатката преку која ќе пробам да ја искажам својата креативност и да ги задоволам амбициите во визуелизирањето, односно, фотографијата.

Арна: Јас верувам дека во иднина Photoshop ќе ми помогне за многу работи околу професијата што ќе ја работам, затоа што сакам да станам дизајнер.

 

Нас ни преостанува да им посакаме и понатаму многу успеси и реализирани планови, и да им порачаме дека ќе го следиме нивното напредување и усовршување. Сигурни сме дека нема да остане незабележано.

Никогаш не е прерано или предоцна да научиш нешто ново и да се посветиш на вештина која би сакал да ја совладаш. Следниот курс за Photoshop започнува на 10 септември, погледни ја програмата овде  

Related Stories For You

Учи академија додека
студираш на факултет

Доделуваме стипендии до 1000€, за зголемување на вработливоста на студентите!