Креирајте ја совршената презентација!

Изработката на профи презентација во која содржината одлично ќе се вклопи со одбраниот дизајн бара време и креативни вештини.
За да не трошите време и нерви, ви го претставуваме Slidebean – софтвер наменет за презентации кој ја одделува содржината од дизајнот и ви овозможува да се фокусирате на вашата цел. Потоа автоматски ја форматира содржината, креирајќи беспрекорна презентација.

slidebean

Она што е добро доколку го користите Slidebean е фактот што не користите само дизајнирани темплејти, туку имате опции да одберете некоја од понудените содржински темплејти како на пример Презентација за компанијата, Sales pitch, Маркетинг план, Месечен извештај и сл.

slidebean2

Доколку сте стартап основач, потребна ви е презентација која ќе ви помогне да го претставите вашиот план во кратки црти и во исто време ќе посветите внимание на најбитните детали. Slidebean ви го нуди токму тоа – Startup Deck креиран како отскочна даска за лансирање на вашата идеја. Најинтересната опција која ја овозможува е да го следите времето на гледање на вашата презентација, како и бројот на слајдови кои се видени.

slidebean3

Покрај ова, Slidebean нуди огромен избор на колор палети, темплејти, фонтови (имате опција и сами да креирате фонт), како и опцијата за пребарување на слики во самата платформа, без да стравувате за авторски права.

slidebean4

Доколку се одлучите да го користите овој софтвер за креирање на презентации, имате 3 опции со креативно име: Espresso Plan наменет за студенти и професори кој се наплаќа годишно и чини 10USD месечно, Cappuccino Plan наменет за мали тимови и стартапи кој чини 35USD и се наплаќа годишно и Latte Plan наменет за средни бизниси и чини 140 месечно а се наплаќа исто така годишно. Имате опција да одберете и само еден месец користење.

Во случај да креирате презентација користејќи го Slidebean, се надеваме дека ќе добиеме повратна информација за вашето искуство и постигнатите резултати.

„Стартап алатки“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница каде што секој ќе може да учи и да сподели практични вештини. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со пријателите.

Среќно,

Brainster заедницата

Related Stories For You

AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI!